d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Свечена прослава за патрониот празник во ОСУ„ Мирко Милески“

Патрониот празник во ОСУ „Мирко Милески“ Кичево, годинава, беше одбележан со интонирање на македонската химна од училишниот хор, а беа положени и букети свежо цвеќе пред бистата на народниот херој во кругот на училиштето.

Млади играорци изведоа оро, а беше отворена и ликовна изложба на дела создадени во текот на оваа година, од членовите на ликовниот клуб при овој центар. На професорите, кои слават одреден јубилеј од своето работење или пензионирање, им беа доделени часовници или златници.

Присутните гости, професори и ученици ги поздрави директорот Благоја Стојаноски.

-Традиционално на овој ден му оддаваме почит на народниот херој Мирко Милески, кој на 1 октомври 1943 година го загуби животот во одбрана на Кичево и на првоослободените територии на Македонија.Се гордееме што нашето училиште го носи името на херојот и поттикнати од неговиот ентузијазам и херојство, повеќе децении вршиме образование и воспитание на нашата младина.Образованието е темел и благодет на секое општество -рече во своето обраќање директорот ОСУ „Мирко Милески“.

Зоран Антоски, Кичево