Пријави се на завршната дебата “ОрцеTalks”
На трети мај ќе се одржи финалниот настан на ОрцеTalks. Со ова се заокружува целата досегашна работа за оваа учебна година. ОрцеTalks e од исклучителна важност за младите луѓе кои сакаат да дискутираат за најразлични теми, затоа што им овозможува да ја развијат способноста за размислување, истражување на податоци и поголема информираност за случувањата во светот. Финалниот настан ќе биде претставен преку две симултани дискусии.
Првата дискусија е „Дозвола за родителство: истребување на лошите родители или лишење од основно човеково право?“
Придружете се на нашата не толку обична дискусија, кадешто ќе можете длабоко да навлезете во филозофијата на воспитувањето и човечките права, како и многу други изненадувања кои ќе следат на самиот настан.
Втората дискусија е „Апсолутна слобода на говор: право на секој човек или напад на личен идентитет?“
Дали расистите треба да имаат своја платформа? Зошто некои групи во општеството имаат право на слобода на говор, а други немаат? Повеќе прашања (како и надежниот одговор на истите), ќе може да сретнете на нашата дискусија.
Право да аплицираат на која било од овие две дискусии имаат сите средношколци и студенти, а своите апликации да ги достават најдоцна до 30. 4. 2018 г. (недела), 12:00 часот.
Настанот на Фејсбук: https://www.facebook.com/events/357578804736801/
Линк за аплицирање: https://goo.gl/forms/C2j1aOc5Yf1VbCTj2
Настанот ќе се одржи во просториите на средното училиште „Орце Николов“.
За повеќе информации, контактирајте нé на [email protected]
Стефан Митиќ, II г. во гимназија „Орце Николов“ Скопје