Низ ходниците |

Тимот на „Георги Димитров“ најдобар на натпревар за ЕУ

feat-img

Јордана Апостолова, Јована Цониќ и Ана Јанева беа тимот од трите ученички кои одговарајќи на прашања за историјата, политиките, институциите и функционирањето на Европската унија победија на квиз-натпреварот „Знаејќи повеќе за Европа и ЕУ – знаеме повеќе за нас“.

Тие го претставуваа училиштето на симулацијата за работата на европските институции, што се одржа во јануари во Крушево, на која играа улоги во процесот на проширување на ЕУ како комесари, пратеници, министри, медиуми или претставници на земјите-кандидатки. На натрпеварот учениците увидоа како навистина функционира пристапниот процес и остварија контакти за потенцијални идни проекти со средношколци од други училишта и претставници на невладини организации. Учениците се подготвуваа за натпреварот еден месец, а обуката и настанот беа организирани од Европското движење на Македонија.