d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
etuc-slov

Ученици од електротехничкото училиште „Михајло Пупин“ на обука во Словенија

Триесет средношколци од скопското електротехничко училиште „Михајло Пупин“ ќе стекнат искуства како изгледа да се работи во компании во Европската унија преку посетата на Школскиот центар Крањ во Словенија.

Преку двонеделна обука, учениците ќе ги запознаат потребите на европските фирми, знаењата кои се неопходни и вештините кои обезбедуваат пласман на пазарот на трудот во технолошки развиените општества. Обуката особено ќе се однесува на програмирање на програмскиот сервер ПЛЦ и микроконтролери, без кои не може да се замисли ниту еден сегмент од современите автоматизирани процеси во производството. После престојот, учениците ќе ги споделат стекнатите искуствата во своето училиште. Посетата се реализира во рамки на Програмата ЕРАСМУС+.

Маја Миневска, професорка во СЕТУ „Михајло Пупин“