Учениците од „Георги Димитров“ на нишкиот „Наук није баук“
Средношколци од скопското училиште „Георги Димитров“ се претставија со свој штанд на еден од најатрактивните научни саеми во регионот „Наук није баук“ што се одржа во Ниш, Србија.
Осум ученици поделени во тимови изработија три експериментални проекти. Првиот проект опфати истражување за нивото на радиоактивност со примероци од почвата на училишниот двор. Вториот тим ја прикажа зачудувачката моќ на стојните бранови и формирањето интересни фигури т.н. Хладниеви модели со помош на малку сол и едно гудало. Третиот експеримент, кој постојано се одвиваше на штандот, беше докажување дека овошјето може да биде одличен извор на еднонасочна струја. Освен што го претставија училиштето, учениците од „Георги Димитров“ видоа возбудливи научни експерименти и дознаа нови интересни факти. Нишката гимназија „Светозар Марковиќ“ го органзиираше научниот саем седма година по ред и освен од Србија учествуваа училишта од уште седум земји.
Ана Јанева, СУГС „Георги Димитров“