d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
srednoskolci-medium

Учествувај на Медиумскиот ден за средношколци

Учествувај на Медиумскиот ден за средношколци, што ќе се организира на 12-ти декември, и вклучи се во процесот на продукција во мејнстрим медиумите. Пријави се најдоцна до 8-ми декември (понеделник) на [email protected] и остави ги твоето име и презиме и контакт податоци

Прв пат во Македонија, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе ти овозможи да се запознаеш со различните типови на медиумска продукција – во ТВ, радио, веб портал и во весник. Разговарај лично со истакнати уредници и новинари за етичките предизвици на новинарството, влијанијата на и врз медиумите, медиумската продукција, итн. Научи како да ги пребаруваш и вреднуваш информациите и како да ги користиш мултимедијалните алатки креативно.

Медиумите – интернетот, музиката, ТВ, видео игрите, стрипот, па дури и рекламите – се дел од животот којшто го уживаме сите. Популарната култура влијае при креирањето на нашиот животен стил, ставови и, генерално, на личниот и социјалниот развој. Меѓутоа, ја препознаваш ли секогаш границата меѓу реалноста и фантазијата? Правиш ли разлика меѓу моделите, насилството и хероите во медиумите и во вистинскиот живот? Дали си пасивен потрошувач или ангажиран корисник на медиумите?

Под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“, Медиумскиот ден ќе ти помогне да ги деконструираш медиумите и полесно да ги разбереш медиумските содржини и пораките што ги испраќаат.

Медиумскиот ден за средношколци се организира во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.