Низ ходниците |

Ученици и професори се обучуваа во рамки на програмата „Еразмус+“

Професори и ученици од средното училиште СОУ„Ванчо Прке“ од Виница, како дел од програмата „Еразмус+“, имплементираа неколку проекти на ниво на училиштето, по претходни обуки и посети во различни европски земји и разменети искуства. Еден од нив е „Youth fighters against unemployment“, во чии рамки учениците ги проширија познанствата со ученици од Бугарија и ги унапредија своите вештини.

Преку истата програма, ученици и професори учествуваа на тренинг на тема „Европска волонтерска служба“ во Грудек, Полска, како и во Воронет, Романија, на тренинг на темата „Gadget addiction in teenage“. Во Бугарија беа одржани работилници за „Coaching“, а во Сардинија за „Open your mind“. Последната обука „Move and dance“, во чии рамки училиштето го претставија четворица ученици, се одржа во Франција.