Низ ходниците |

Ученици од „В.А.Дрен“ ќе помагаат на маргинализирани групи

feat-img

СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во партнерство со „Волонтерски Центар Скопје“ го започна проектот „Социјална инклузија во нашето соседство-промена“. Проектот е добиен од Академијата за Средно Европски Училишта во февруари 2017 и истиот ќе трае до декември 2017.

Според координаторот, психологот на училиштето Ива Стојановска и ученичката Ангела Петровска, целта  е да се подигне свеста кај младата популација за потребите за социјална инклузија на локално ниво. Учениците преку активностите ќе се запознаат со маргинализираните групи во околината на училиштето, ќе остварат контакт со дел од нив и преку кампањи и лобирање ќе се обидат да придонесат за социјалната инклузија. v a dren marginalizirani grupi 2До декември, учениците ќе посетат и обуки за проектен менаџмент, лобирање и адвокатура, организирани од наште „Волонтерски Центар Скопје“. Потоа, ќе организираат завршен настан на кои ќе бидат претставени сите спроведени активности и резултати од проектот.

Ива Стојановска