Низ ходниците |

Учениците од ЈБТ учествуваа во Европската недела на мобилност

feat-img

Со возење велосипеди низ главниот град, средношколците од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ беа дел од Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува и во Скопје. Таа траеше од 16 до 22 септември, а гимназијалците беа дел од големото велосипедско дефиле низ градските улици и булевари, што се одржа на последниот ден кој, воедно, е прогласен и за Ден без автомобили.

Nedela na mobilnost 21Во текот на Европската недела на мобилност имаше многубројни активности и проекти чија цел беше да се креираат навики за користење на алтернативни видови транспорт кај луѓето кои живеат во градовите. Град Скопје ја реализираше оваа кампања во соработка со невладината организација ОРТ, со делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, со Министерството за животна средина и просторно планирање и со програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Годинашната тема на кампањата беше „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“, и во неа средношколците и сите други граѓани имаа можност да се образоваат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем. Покрај Скопје, во Европската недела на мобилност учествуваа околу две илјади града низ Европа.

А.А.С.