Активирај се | Создадено од вас |

Учениците порачаа: Не ни го игнорирајте менталното здравје

feat-img

На креативен начин, по повот 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје, учениците од средното училиште на Град Скопје „Зеф Љуш Марку“, повикаа на подигање на свеста за металното здравје.

За овој ден, тие спроведоа проект во кој преку разни перформанси покаажаа како, од нивна перспектива, се чувствува еден средношколец во секојдневниот кој се соочува со нарушено ментално здравје.

Со проектот, како што велат, тие сакаа да испратат силна порака до општеството да не се игнорира менталното здравје на младата генерација.

„Живеам во свет каде убиствата, насилството, семејната злоупотреба, разни вознемирувања и војни, стануваат наше секоједневие. Сега веќе онлајн малтретирањата и заканувањата, со еден збор станаа „хит“ и речиси се користат од страна на сите мои врсници. Каде е светот во коj што живееле моите родители и моите дедовци? Каде се среќните времиња, љубовта, среќата, радоста меѓу луѓето? Што се случи со нас?“, се само дел од размислувања кои ги споделија средношколците.

Со перформанс седење замислен на клупа, средношколците испратија порака како изгледа кога мислите на еден тинејџер се измешани како рубикова коцна, со слика од замислена учененичка во училница позади која се смеат нејзи соученички, тие испратија порака дека „никој не може да знае како се чувствува другиот“ итн.

Канита Ајдини и Нурдане Бајрами, СУГС „Зеф Љуш Марку”