Вардаровите фудбалери делеа автограми во „Васил Антевски-Дрен“
Фудбалерите на ФК „Вардар“ неодамна ги посетија учениците од средното економско-правно училиште „Васил Антевски-Дрен“ во Кисела Вода. Вардаровите првотимци Грнчаров, Пачовски, Кобетиќ, Глишиќ, Фелипе, Ивановски и други, другаруваа, разговараа и се сликаа со своите фанови, а воедно одиграа и пријателски меч на мали голови со училишната лига, составена од ученици, кои во исто време се и дел од кадетската екипа на овој фудбалски клуб.