Низ ходниците |

Златен медал за НОВА на меѓународен фудбалски турнир

feat-img

Средношколците од училиштето НОВА триумфираа на меѓународниот фудбалски турнир, кој се одржа во Скопје од 6 до 8 ноември.

Во регуларниот дел од финалето тие одиграа нерешено против нивните врсници од Меѓународното училиште од Белград, а победникот го решија во пресметката на пенали. За учениците од оваа гимназија ова е петти златен медал на интернационалниот турир во последните шест години. На турнирот учествуваа тимови од Србија, Бугарија, Летонија, Финска и Украина. Покрај натпреварите во фудбал, средношколците од НОВА се дел и од турнири во кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол. На нив учестуваат 19 членки на меѓународната Асоцијација на училишта од централна и источна Европа.