ПРОЕКТИ |

Поврзување на младите луѓе со потекло од поранешна Југославија преку радиопродукција: Поврзување на Екс-ЈУ

feat-img

erasmusПоврзување на младите луѓе со потекло од поранешна Југославија преку радиопродукција: Поврзување на Екс-ЈУ – Проектот има за цел поттикнување на учење и дебата за демократските начела, граѓанско учество во процесот на креирање одлуки, непосредно запознавање на историските и заеднички вредности, особено низ призмата на младите од Европа и особено од земјите за поранешна Југославија. Студенти од Австрија, Македонија и Босна и Херцеговина ќе поминат вкупно четири специјализирани обуки за радио новинарство, медиумско право, слобода на изразување, како и основи на медиумска писменост во трите земји.

Проектот ќе резултура со продукција на 12 радио-емисии, емитувани на радио-станица во секоја од државите-партнери, прирачници и шест вебинари. Партнери во проектот се виенското радио Оринџ, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од Скопје и Естудент, студентското радио од Сараево, а е финансиран преку програмата Еразмус+ на Европската Комисија.