Средношколски весник „Медиум“
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во партнерство со дневниот весник „Нова Македонија“ во 2011 година почнаа да го печатат месечното издание на средношколскиот весник „Медиум“. Преку оваа активност учениците во средните училишта низ Македонија ги учат основните новинарски вештини, пишувајќи свои статии, колумни, интервјуа и други жанрови. Подготовката на содржините ја реализира и координира тим предавачи и студенти по новинарство на Високата школа, во соработка со професори од средните училишта и директно со самите ученици. Весникот е достапен и онлајн.