Активирај се |

Изрази се преку медиумите 2018

feat-img

Доделени наградите за најдобар медиумски производ од конкурсот „Изрази се преку медиумите“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ на 10-ти мај ги додели наградите за најдобрите средношколски медиумски производи добиени на конкурсот „Изрази се преку медиумите“ на тема „Би сакал/а во мојата општина да …“

Првата награда ја освоија група ученици од СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово, втората награда му припадна на Стефан Митиќ од гимназијата „Орце Николов“ од Скопје, додека третата награда ја доби Берат Ахметај од ЕТУЦ „Михајло Пупин“ од Скопје. Исто така, без избрани уште 10 најкреативни медиумски производи, чии автори ќе учествуваат на летниот камп за медиумската писменост што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе го организира во јуни во Штип. Тоа се:

Идејата на конкурсот беше да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат.

На конкурсот се пријавија 50тина ученици од цела Македонија. Конкурсот е дел од проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“, поддржан од Европската Унија.

Погледни ги наградените содржини

„Копнежот на бабите“ Да го вратиме киното во Влае За безбедноста сме одговорни сите
Лазара Стојкова од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница Кристина Конева од СУГС „Орце Николов“ – Скопје Васил Петрушев и Филип Стојановски од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје Димитар Шуклев од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
Бојана Исијанин од СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола Стефан Жупан од СОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид Ивона Марковска и Ана Стефановска од СОУ „Јосип Броз – Тито“ – Битола Марија Ѓорѓиева СОУ „Добри Даскалов“ – Кавадарциs

Галерија

Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ги повикува средношколците во  Македонија да се пријават на конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ на тема „Би сакал/а во мојата општина да …“. Учениците и училиштата можат да аплицираат со фотоприказна, постер или едноминутно видео.

Медиумските производи треба на оригинален начин треба да ги пренесеат идеите, интересите и барањата на учениците за урбанистичка, културна или каква било промена што според нив е неопходна во општината во која живеат. Во своите трудови учениците треба да аргументираат зошто е потребна интервенција на локалните власти (реновирање или изградба на инфраструктура за млади, недостиг на спортски и културни центри и сл.).

Целта на овој конкурс е да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат.

Изработка

Фотоприказната треба да содржи од 6 до 8 фотографии со легенда (кус текст што ќе го објасни значењето). Текстот под фотографиите може да биде на кој било од јазиците и писмата што се употребуваат во Македонија.

Постерот треба да изразува јасна и оригинална порака на авторот, изразена преку креативен дизајн.

Видеото треба да се објасни со текст од еден параграф. Видеото не треба да биде подолго од една минута. Доколку се користи музика во видеото, треба да се почитуваат авторските права. Дијалозите или која било друга форма на комуникација може да бидат на јазиците што се употребуваат во Македонија.

Право на учество

На конкурсот може да се пријават ученици од прва до четврта година од сите средни училишта во Македонија и самите училишта. Дозволено е групно учество на соученици, но ако производот биде награден, наградата ќе се додели на авторот или носителот на пријавата. Доколку училиште се јавува како учесник, наградата ќе се додели на училиштето.

Учесниците може да поднесат повеќе производи во различни формати.

Корисни информации како да се изработи фотографија / фотоприказна или да се снима и монтира видео.

Награди

За авторите на 10-те најдобри производи, Високата школа обезбедува учество на летен камп за медиумска писменост во јуни.

Пријавување

Кандидатите треба да пополнат Формулар за пријавување и заедно со изработениот продукт да го испратат на е-адресата [email protected] најдоцна до 29 април 2018 година.

Контакт

Александра Теменугова, [email protected], 02 30 90 004.

Конкурсто е ЗАТВОРЕН