Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Јана Чолаковска, Приватни гимназии „НОВА“

1-10Актуелните протести за високото образование отворија голем број на дебати за природата на самото образование. Што навистина ме заинтригира по овие јавни дебати беше врската помеѓу образованието и знаењето. Многумина од нас знаењето би го поврзале со училиштето, со образованието како институција. Но, за мене како средношколка е вознемирувачки кога образованието веќе не е компатабилно со поимот за знаење.

Се сеќавам како второоделенка кога мислев дека училиштето е неважно и досадно. Сега се срамам од таа егоцентричност која веројатно произлегла од момент на безпомошност кога не сум ја разбрала домашната по математика. Ми требаа неколку години да разберам дека образованието всушност ми помогна да одредам во кои работи сум добра, а во кои треба да вложам повеќе труд. Ми помогна да разберам кои работи сакам да ги правам, да ги истражувам и да ги читам. Но, сепак образованието до некој степен може и да нè обесхрабри. Тука е и главната контрадикција.

Имам многу другари и другарки кои кога и да ги видам се под константен стрес поради училиштето. За да не ме разберете погрешно, јас не велам дека образованието е неполезно, напротив. Но, сепак, петнаесет предмети не се малку. Во потрага по знаењето, образованието еволуираво во институција каде што се бара успех во секое поле за некој да се нарече успешен. Ако одреден ученик е талентиран поет, математичар, или сликар, но не е добар во другите предмети, тој е гледан како недоволен. Таа констатација ме револтира, бидејќи е нереалистично еден човек да биде заинтересиран во секое поле. Тоа што најмногу ме револтира е како учениците што не се успешни во сè се гледани.

Ова мислење за што е успешно, а што не е успешно, според мене е главната причина зошто толку ученици се едноставно изморени од образованието. Како што веќе напоменав, образованието и знаењето се сметаат за едно исто, а доследно на тоа учениците не само што се обесхрабрени од образованието, но за жал и од знаењето. Ме радува и ме прави горда тоа што со последниве неколку месеци македонските ученици излегоа на улиците и покажаа дека се жедни за знаење, но само ако тоа е ефективно спроведено, докажувајќи дека образованието и знаењето треба да не охрабрат во новите експедиции кон интелектуалното надградување.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk