Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Душица Ристовска, професорка во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“

Живееме во време кога филмови гледаме на интернет, фотографиите ги чуваме во мобилниот телефон, кафе пиеме на Скајп, а љубов изразуваме преку СМС порака или на Фејсбук.

Неодамна, „Дизни ченел“ објави листа со десет искуства кои најмногу ни недостигаат од 90-тите години на минатиот век. Можеби за денешните генерации ќе  звучи непознато, но зборуваме за времето кога снимавме песни на радио, чекавме да се развие филмот за да ги видиме фотографиите, изнајмувавме видеокасети за да гледаме филм и се допишувавме преку пошта. Период кога немаше мобилни телефони и агендата не ја менувавме на секој половина час. Во емотивна смисла можеби недостигаат многу работи, но во практична не.

Иако од една страна родителите велат дека нивните деца се незвисни, сепак со мобилните телефони на лесен и практичен начин ги имаат на око. Но, за младите луѓе мобилните телефони се многу повеќе од средство за разговор со мама и тато. Тие се суштински дел од нивниот социјален живот. Младите на возраст од 13 до 24 години се најголемата група корисници на оваа алатка. И во Македонија ситуацијата не е поразлична. Повеќе од 96% од средношколците имаат мобилен телефон. Освен за комуникација, преку него разменуваат информации, видео клипови и слики, а истовремено служи и за забава и социјално вмрежување. Додека вршат една работа, времето го користат и за да комуницираат со повеќе пријатели.

Проектот „Тин“, кој бил наменет за тинејџерите во Канада, покажал дека младите можат да пишуваат текст со врзани очи - вештина која им е корисна кога мобилниот телефон е скриен под клупата за време на часот. Мислам дека и нашите ученици се на добар пат да им конкурираат на канадските средношколци.

На емоционално ниво, мобилните телефони претставуваат интимни мултимедијални списанија со кои ги доловуваат важните моменти од своите и животите на нивните пријатели. Мобилниот телефон за тинејџерите буквално е нивен личен имот иако родителите ги плаќаат сметките. Исто колку што мобилниот телефон е привилегија, исто толку е одговорност.

Мобилниот телефон повеќе од 50% од младите го користат повеќе од 10 пати на ден со должина на користење околу 10 минути. Појава на главоболки, растројство на сонот, смалување на концентрацијата и помнењето се дел од хиперсензитивните реакции предизвикани од прекумерната употреба на оваа алатка.

Уште една рекреативна активност во која тинејџерите уживаат се видео игрите. Вториот сектор по профитабилност во забавната индустрија е продажбата на видео игрите. Играњето за кусо време прераснува во хоби и тинејџерите ретко кога можат да се контролираат колку е доста. Добриот избор и квалитет на видео игрите е вистински тренинг за мозокот на младите луѓе, за развивање на креативните вештини и решавањето проблеми и загатки. Видео игрите се извонреден поттикнувач на тимската работа во случаите кога се изведуваат со другите. „Мултиплеер“ видео игрите на соодветна возраст одат дури дотаму што играчите потоа во реалните ситуации може да проценат што  мислат  другите.

Најновото истражување на Универзитетот Оксфорд во кое биле вклучени повеќе од 5.000 американски средноколци им биле поставени серија прашања во врска со нивното искуство со игри засновани на анти- јунаци. Одговорите биле дека ги поттикнувале да се гледаат себе си и другите, правејќи ги побунтовни и поттикнувајќи ги на разни авантури. Во прилог на прашањето за насилството, етикетата „само за возрасни“ или над 17 години често ги прави игрите попривлечни за младите луѓе. Буквално ако се нурнати во видео игрите, средношколците забораваат на дружењето надвор од дома, ручекот на маса, уште  помалку истегнување  на мускулите.

Ако до пред десетина години популарно наречениот „гејминг“ се сметаше за машки спорт, статистиките покажуваат дека 40,5% од играчите се девојки. Сепак, не постои разлика помеѓу машки и женски гејмери, единствената разлика која постои е помеѓу добри и лоши гејмери. Така барем велат тие.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk