Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Екатерина Плескоњиќ, професорка во СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“

ekaterina-pleskonjikjМОЌ, три букви, малку се на број, но со значење и силина која може да ја  придвижи целата Вселена. Дали некогаш сте се запрашале кој ја поседува таа моќ? Кој е тој или таа? Дали тоа е радоста, тагата, среќата, несреќата или можеби се` заедно. Кој ја има таа привилегија во исто време да биде Ваш креатор, но и Ваша креација, Ваш сон, но и Ваше јаве, Ваша мечта, но и Ваша реалност, Ваша насушнa потреба, Ваша присутност, но и Ваша отсутност.

Верувам дека многумина од Вас ќе го препознаат моќникот, неговото височество, ЗБОРОТ, а преку него ЈАЗИКОТ и КНИГАТА. Да, токму тие ја поседуваат најголемата моќ. Тие, нивните височества се најголемите моќници, креатори, стимулатори, најголемите контролори на нашите сетила. Доволен е само еден збор да те вивне во ѕвездите и уште еден да те симне долу, цврсто на земја и една низа од прочитани страници за да впловиш во бескрајот... Прекрасни се чувствата кои ги буди книгaта, допирот, мирисот на старата, но и на новата свежо отпечатена книга, вртењето на страниците, од првата до последната, чувството на наслада со секоја нова содржина. Убава е таа синестезија, но грд е анимозитетот кој е присутен кај средношколците кон читањето.

Полека, но сигурно, изумира добриот стар начин на восприемање на книшките содржини. Но затоа, сите ние, сме тука, сега и постојано да ги потсетуваме нашите средношколци за уметноста на пишаниот збор, за нивниот креативен потенцијал, зашто токму тие се таа движечка сила која создава моќни уметнички креации.

Средношколци, зошто треба да читате? Читањето е активен ментален процес, ќе Ви помогне да научите нови изрази и зборови, ќе го збогатите својот речник, а со тоа ќе ја зголемите Вашата самодоверба. Со читањето учите нови нешта и бидејќи тоа бара помнење на детали, факти, ликови, постојано ќе ја подобрувате Вашата меморија и концентрација. Книгата е неисцрпен мотивски извор, во секој момент можете да пронајдете тема за разговор и причина и помош за менување на Вашиот начин на живот. Со секоја прочитана книга станувате покреативни. Книгите не се скапа забава – предноста е во тоа што се купуваат еднаш, а може да се читаат повеќе пати. Книгата е подобра од филмот, тој е готов производ, а книгата, книгата Ви ја развива Вашата фантазија, Ви дозволува Вие да ги визуелизирате нејзините содржини, таа е Вашиот билет за  бесконечниот простор во имагинарните  патувања чии што патници сте само Вие, ТАА и Вашиот креативен ум.

Паузирајте од дигиталниот свет, кога ќе Ви здодеат компјутерите, телефоните, ТВ приемниците (кога ли ќе се случи тоа?), земете книга и „вчитувајте“ информации на старомоден начин, ВЕРУВАЈТЕ ќе Ви се допадне.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk