Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

anke-milerДа се биде дел од специјализираната германска паралелка при скопската гимназија „Георги Димитров“ е привилегија, не само поради извонредната можност да се усоврши германскиот јазик, туку и поради непосредниот контакт со германската култура. Нашата директна врска со Германија е професорката Анке Милер, која уште при првата средба ги руши сите стереотипи за Германците како студени или воздржани луѓе.

Секогаш позитивна, ведра и подготвена за соработка, прифати да ни одговори на неколку прашања за нејзиното искуство како професорка. Нејзиниот ентузијазам да стане професорка, вели, доаѓа од желбата да работи со млади, но и поради одличниот професор по англиски јазик во гимназијата кадешто учела, кој бил нејзин идол. Програмата на германското министерство за образование за испраќање германски професори во странство е она што ја довело во Македонија - земја која, како што вели, не е многу позната за Германците.

„Очекував малку потопла клима, меѓутоа позитивно ме изненадија топлите и пријателски настроени Македонци, кои се секогаш подготвени да помогнат. Многупати имав гости од Германија во овие две години додека сум тука и сите тие се одушевени од оваа мала, но прекрасна земја.“, ни кажа Милер.

anke-miler1Нејзините часови секогаш содржат интересни дискусии и нов пристап кон учењето. Таа вели дека македонските ученици се попослушни и помалку критични од германските, но прилично мотивирани и работливи. Професорката се обидува да не ја пренесе стереотипната германска култура, туку се труди да ги запознае своите ученици со модерна Германија и актуелните настани таму или да ги поврзе наставните содржини со некоја интересна приказна.

„Јас не сакам да ви кажувам дека сите ние таму само пиеме пиво и јадеме колбаси. Јас сакам да ви ја доближам душата на Германија, тамошниот начин на живот, она што не го знаете поради бројните стереотипи за Германците“, вели Милер.

Според неа, главна придобивка од оваа програма се отворените можности за учениците да студираат и работат во Германија, но и да се надминат разликите меѓу македонската и германската култура. И покрај тоа, професорката Милер вели дека вели не би сакала да продолжи иселувањето на младите луѓе од Македонија

„Ова е прекрасна земја, а вие како ученици имате голем потенцијал кој треба да се искористи на вистински начин овде“, ни порача на крајот од разговорот професорката од Германија.

 

 

Автор: Ана Јанева, ученичка во СУГС Гимназија „Георги Димитров“

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk