Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Душица Петровска, професорка во СУГС „Јосип Броз Тито“

dushica-ristovskaВо атмосфера со накитени улици и излози, полни кафулиња од кои „трешти“ гласна музика и редици граѓани по маркетите се одбележуваат последните 365 дена од оваа година. Кифлички и руска салата, сарма, нешто мрсничко, торта и како што е ред за да биде среќна новата година и водка, виски, вино.

Првиот синоним за тоа како се прославува Нова година кај нас е јадењето и пиењето и тоа во никој случај во умерени колични туку се до моментот „ќе пукнам, се прејадов“ или „се направив статива“. Кулминацијата е на 31-ви декември околу полноќ, кога така загреани сите се сакаат, се бакнуваат, си честитаат, споделуваат љубов во неограничени количини, се гушкаат, викаат. Гласни, пијани, оптимисти. Не за друго, да се испрати старото и да се дочека новото.

Во Ургентниот центар на првојануарското утро по традиција метеж и тоа поради скршен нос, исеченици, изгореници од петарди, сообраќајни несреќи. За прејадените и препиените се бара кревет повеќе на Токсикологија. И тоа неколку часа по полноќ. Помодрени, со превртени очи, буквално ни „родена мајка да не те препознае“. Поголемата колчина на алкохол доведува до оток на мозокот, па за да се доведат во стабилна состојба љубителите на чашка повеќе примаат терапија со шеќер. Ова отекување предизвикува промени од еуфорија до кома, но за среќа брзо се лекува. „Среќниците“ најчесто се малолетници, на возраст од 14 до 18 години, но се случува пациенти да бидат и помали деца. Ланската година се пиело во разумни количини со помалку од 30 труења, за разлика од 2010 кога за пример поради прекумерна количина на ракија и вино на детоксикација завршиле 66 лица.

Веројатно во свеста на младата популација допираат низата едукативни предавања за штетното дејство на алкохолот. На многумина им е јасно и дека посегањето по алкохолот е потенцијална можност да се изгуби животот. Затоа, памет во глава!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk