Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Наташа Ацевска, професорка во СУГС Гимназија „Георги Димитров“

Natasa-AcevskaНиту една информација објавена онлајн не останува приватна. Затоа е важно да знаеме што треба, а што не да споделуваме со другите.

Најчестата и најраспространета злоупотреба на интернетот е вербалното и емоционалното малтретирање. Луѓето криејќи се зад маската на анонимност си земаат за право да објават каква било информација, текстови со навредливи и вознемирувачки содржини како и фотографии со кои може да се наруши приватноста. Јавното мислење против другите луѓе се искажува без размислување. Криејќи се зад лажно име, лажен профил, говорот на омраза е се позастапен на социјалните мрежи без да се размисли дека со него се повредува, омаловажува, понижува, деградира и поттикнува брутално однесување.

Желбата за доминација и репутација кај младите отвара простор да се искористи интернетот за социјалното малтретирање кое најчесто е застапено кај девојчињата. Тоа подразбира ширење на озборувања и гласини се со цел социјална исклученост на единката. Пласирајќи лажни информации ја отфрлаат „соперничката“, не се чувствуваат загрозени и доминираат во средината. Ваквите проблеми уште повеќе се зголемуваат со напредокот на технологијата. Вградените камери во мобилните телефони овозможуваат направената фотографија да биде распространета на сите во рок од 2 до 3 минути. Па, така фотографијата за која можеби и не знаеш дека постои ќе се најде пред сите.

Користењето на технологијата за заплашување и малтретирање на другите е нов феномен во сајбер светот кој е наречен „сајбербулинг“. Од направените анкети една четвртина од младите пријавиле дека биле дел од „сајбербулингот“, а половина од испитаниците признале дека вршеле сајбер насилство, но откако тие биле малтретирани во сајбер просторот.

Преку нет просторот постојат уште многу начини да ни се наруши приватноста и сигурноста, да бидеме измамени од интернет предатори, интернет коцкање, рекламирање... Она што треба да го знаеме е дека „интернетот не заборава“ и дека сите активности можат да се следат. Сепак, најдобро би било да ја сочуваме сајбер културата и да знаеме што треба да „ставиме“ на интернет.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk