Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Никола Ивановски, 4-4 СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

diskriminacija-gimnazijalciДо пред некое време да се биде гимназијалец беше чест, затоа што тоа значеше дека ќе си добар ученик и дека ќе си дел од престижно училиште и кадешто ќе стекнеш базично образование со кое ќе зачекориш кон портите на државните универзитети.

Оваа година титулата гимназијалец некако е за жалење. Гимназијалците ќе бидат единствените средношколци кои во „чудеснава земја“ ќе бидат подложени на задолжително полагање математика на државната матура. Зошто останатите се поштедени? Тоа отвора само два одговора: или останатите училишта се потценети и немаат капацитет за да се покажат на дело, или ова е казна за оние кои четири години од своето средно образование се трудат да научат и да се стекнат со вистинско знаење, за да зачекорат кон групата на идни интелектуалци и јавни личности во општеството.

Според досегашното искуство со оние кои полагале макар основно ниво математика на матура, а и според тежината на материјалот и сложеноста на материјата која се обработува четири години во гимназиите, мојот инстикт и груба проценка е дека скоро половина од гимназијалците годинава ќе паднат во првиот циклус на матурата. Тоа доведува до многу лош заклучок. Ако половина од гимназиските матуранти паднат во првиот круг, тоа значи дека ќе мораат да чекаат до август за да го преполагаат предметот, а со тоа го пропуштаат првиот уписен рок на државните факултети, додека останатите матуранти од другите училиште слободно ќе ги потполнат слободните места на високообразовните институции, иако изминатите четири години не се оптеретувале премногу со учење.

Сега можеби не засега само нас, мала група на гимназијалци од целата држава, па не можеме да направиме ништо повеќе, но од наредната година тоа ќе ги засега сите и на сите ќе им посакам да се изборат заедно против оваа одлука, затоа што е редно време некој да го слушне гласот на средношколците.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk