Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Петар Барлаковски IV-5, СУГС Гиманзија „Раде Јовчевски-Корчагин“ - Скопје

petar-barlakovskiКога првпат ќе го слушнам зборот екстерно, веднаш помислувам на необјективност. Кога втор пат ќе го слушнам зборот екстерно, помислувам на дисфункционално образование. Кога веќе трет пат ќе го слушнам зборот екстерно, не помислувам ништо, туку сфаќам дека „не го бива“.

Всушност, со овој текст би сакал да ви укажам зошто сметам дека екстерното тестирање личи на се`, освен на објективно оценување. Кај петката од екстерно се зависи од среќа и од време. Зависи од среќа од причина поради тоа кој предмет ќе ти се падне и какви одговори ќе ти се погодат. Или ќе ти се падне прашање со сите дадени одговори како точни или пак ќе ти се падне прашање со сосема впечатлив точен одговор (ова второво ако имаш среќа.) Зависи од време, мислам во однос на тоа дека некој ги учи прашањата за два часа, некој за три.

И така, со „бубање“ на 150 прашања и одговори за час-два се добива петка. Прашања и одговори кои утредента нема да се помнат воопшто, ниту пак ќе ни имплементираат некакво знаење. Се добиваат вештачки нереални оценки. Ученици што според професорот имаат двојка добиваат петка. Ученици кои имаат петки добиваат тројки.

Всушност, доаѓаме до ситуација каде што оценката не се добива според знаење, туку според среќа и тоа кој колку прашања може подобро да меморира. Имаме ситуација каде што професорите се омаловажуваат и се сметаат за некомпетентни кога доаѓа до оценување.

Со еден збор, страшно!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk