Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Васко Гичевски, III година, СОУ „Таки Даскало“ - Битола

1-4Училиштата се куќите на иднината. Таму младите се образуваат,воспитуваат,се формираат како личности но што се случува последниве неколку месеци? Училиштата ги претворивме во своедни борбени терени, во училиштата се води битка, битка против некои (не)намерни неправди.

Во само неколку години добивме извртена,изопачена и грозна слика и состојба на македонското образование. Имаше и позитивни нешта но во глобала одлуките беа донесувани ноншалантно, без да се размислува на каков начин тие ќе се одразат на учениците, на училиштата и дали воопшто ние како транзициска земја односно земја во развој можеме истите добро да ги примениме со цел подобрување на македонското образование.

Екстерното тестирање не го подобрува квалитетот на наставата, ниту пак го зголемува знаењето на учениците, единицата или петката на екстерно немаат никаква кореспонденција и важност со знаењето тие само имаат понижувачка вредност, стануваат причина за срам, причина за нервози и трауми и кај децата и кај наставниците.

Во спротива со сите педагошки истражувања и долгогодишни практики дека ученикот треба цела учебна година да се следи, како тој воспитно,психички и интелектуално се надградува и се воздигнува за на красјот на годината да се формулира оцена која ќе биде реална и ќе соодвествува на знаењето кое тој го има.

Со екстерно тестирање во два дена на крајот на училишната година не може на никаков начин да се утврди знаењето на учениците. Додатен проблем е тоа што прашањата се недоволно добро формулирани,во некои случаи сосема нејасни со доза на глупавост. Во суштина и учениците и децата и наставниците знаат дека екстерното тестирање не функционира затоа што некои ученици од оценка 2 стигнуваат до оцена 4 или 5 а учениците со одличен успех пак на крај завршуваат со сосема послаби оценки од заслужените.

Не дека првите седнале па научиле(не е можно некој кој цела година добивал на тестови 1 и 2 на крајот на годината да добие 4 или 5) и не дека на вториве му ги пишуваат оценките од ракав (ученик кој цела година имал 4 и 5 на тестови, бил активен на час, ги извршувал солидно своите задачи не е можно на крајот на годината да добие слаба оценка)  па еве сега секој си го добива заслуженото. Факт е дека во целиот процес на тестирање постојат малверзации, постојат пропусти, постојат  неправилности и двосмилености  кои за некого позитивно а за некого негативно влијаат. Па нели се рекло “секој со среќата”  а за на екстерно тестирање да имаш среќа е пресудно за  да имаш добра оценка.

Една од поновите реформи  кои треба да го “подобрат образовниот систем”  е и воведувањето на  математика на државната матура како задолжителен предмет. Државната матура е еден доста добар проект кој навистина и донесе до скромни подобрувања во средното и високото образование и таа ќе остане таква доколку се зачува во нејзиниот изворен облик без никакви “подобрувања” .

Да бидеме рационални и реални. Не е можно сите ученици од цела Македонија да ја познаваат математиката на исто ниво и не може сите ученици да се надарени за математика. Би било апсурд да живееме во еден свет во кој секој е надарен за она што му се наметнува. Сега математика му се наметнува и на оние што ја сакаат и на оние што не ја сакаат па мораат сите да ја полагаат. Сите матуранти нема да имаат корист од тоа што ќе бидат приморани да ја полагаат или под присила да ја изучуваат  колку за да не паднат на матура, ниту пак со тоа ќе се зголеми нивото на знаење на математика помеѓу учениците.

Со тоа само би добилен еден мал милион матуранти кои ќе мора да го преполагаат испитот, никаде не се вели и никаде не пишува дека секој треба да ја владее одлично математика и дека на секој таа ќе му искористи во животот. Секој со можностите, секој со потребите!

Реформите во образование никогаш во историјата не се спроведувале преку тестирања и наметнувања на предмети врз учениците со цел да се зголеми знаењето од областа на тој предмет.

Образовниот систем се подобрува со: стимулација на наставниците, со награди и поголеми стипендии за учениците,со подобрување на учебниците, купување на нови нагледни средства, со  растоварување од преголемата административна работа на наставникот(тој веќе стана административен работник и од преоптовареност прими стил на незаинтересиран наставник).

Ниту нам ниту вам не ви се потребни екстерните тестирања, не ни е потребна математика на матура, нам и вам ни требаат подобрени услови за работа, подобрени учебници, нови наставни нагледни средства, простори за помодерни кабинети од областите на сите наставни предмети.

И вам и нам ни требаат добри и не преотоварени и преуморени од административна работа наставници, ние сакаме насавници способни за работа кои со насмевка на лицата и знаење ќе зачекоруваат во нашите училници.

Добриот настваник е гаранција за поубава и посигурна иднина!

Она што ние го бараме а ни треба и нам и вам е толку многу поедноставно и подобро  од она на што вие не терате да го правиме. Со сила убавина не бидува!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk