Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Атанас Аврамов, IV-1, СОУ „Богданци“

atanas-avramovОпштествената заедница е апстрактна арена во која се борат нашите стравови и нашето вистинско его, кое е истоштено од криење на неговата содржина поради претпоставената осуда од мистичните очи кои трепкаат во темнината. Лицата на младите станаа отворена книга за креативност која е заробена во границите воспоставени од општеството за да се создаде една хомогена смеса од луѓе.

Суштинските карактеристики треба да ја воздигнат единката во толпата, да ја направат посебна звезда на небото. Наместо ставање акцент на уникатноста, станавме универзални статуи кои имаме исти рутини, исти монотонски живот. Станавме предмети со иста структура, си направивме исти облини за да се слееме во толпата, поради вжештениот страв од осуда. Заборавивме дека сите ние сме дијаманти, но секој со посебна убавина. Корените на нашата личност ги сменивме со универзални елементи за да не станеме цел на исмевање. Создадовме стегната цензура на нашите мисли, чувства и дела за да не се најдат на општествениот фронт, кој има за задача да не направи клонови. Си ставевме завеси, исликани со општоприфатени карактеристики и квалитети, а нашето вистинско „јас“ стои во темнината, за да не се изложи на суровоста на светот. Животот стана како една претстава, која се прикажува во секое кино, секој ден.

Оваа безизлезна ситуација не претставува сложен лавиринт или пак ископлицирана загатка, туку е наједноставниот и најтешкиот проблем на една личност - стравот од самиот себеси. Чекањето на вистинскиот момент да ги отвориш завесите на твоето лице е како да сакаш да го промениш архето на античките филозофи. Уникатноста и диверзификација на личноста е најблагородниот дар за самата душа, највеличествената жртва е таа да се победиш себеси и станеш подобра индивидуа во општеството. Различноста во карактерот е божествен дар, а не алатка за да се создаде божествена комедија со него.

Познат уникатен дијамант, Волт Дизни рекол:„Колку повеќе се сакаш себеси, толку помалку си како другите, што те прави еден и единствен.“ Моќта на вистинските лица да излезат на виделина е во оној кој ги повлекол завесите на општествените граници.

Ментор: Верица Ризовска

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk