Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Миа Петровска 3-7, СУГС „Никола Карев“ - Скопје

mia-petrovskaЧувствувам како тонеме во жива кал и тоа ме прави несреќна, па се колебам дека воопшто постои стабилно копно.Материјализмот ги јаде луѓето од внатре- тие се како скапано јаболко. Убави од надвор,но трули во внатрешноста. Под оклопот на фини луѓе и пријатели се скриле несигурни мали деца кои се трудат се` да направат со пари.Купи си другаре, купи си гардероба, накити се со звања...Но, каде е тука човекот? М?

Можеш да му ставиш круна на кловн,но не очекувај од него да стане крал. Во денешно време парите се тоа, круната,а кловновите неписмена раја што лета во облаци поради истите, но добиени од мама и тато. Дури да се подразмислиш дали Земјава околу Сонцетосе врти или околу парите? Заслепени сме од парче хартија, јазанемеруваме љубовта и барајќи ја среќата во материјалните работи се губиме себеси.Во тоа ли се претворивме ние луѓето? Толку многу луѓе,а ретко кој е човек. Но,не ни очекувам од некој што цел живот е среќен да сфати тага и болка. Некој што цел живот има сѐ не може да сподели со некој што нема. Чуден парадокс е тоа,тој што нема дарува повеќе од тој што има...

Би ја продале и сопствената душа на самиот ѓавол за „кинта“,само за да можат да уживаат во својата патетика. Вистинските емоции поради банкноти се заменија со лажна емпатија, па нема љубов, ко да розите се само за богатите. И ги гледаш како така бездушно чекорат со дигнат нос,како да се над сите,не знаејќи дека колку повисоко летаат горе,толку сѐ помали им изгледаат на тие доле.Спас има? Да погледнеме малку во себе,а не само околу себе? Без срам, викнете на цел глас...ПОООООМОООШШШШ....!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk