Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

emilija velickovskaСекој од нас на свој начин ги исполнува своите морални должности и на карактеристичен индивидуален начин се искачува по скалилата на животот. Треба да умееме да се соочиме со сите нешта низ кои треба да минеме во тек на животот, треба да најдеме сили во себе кои ќе нè водат напред и со кои ќе успееме да останеме победници во животната игра.

Ќе наидеме на падови и издигнувања, порази и победи, најразлични чувства и емоции кои животот ги носи со себе.

И да, токму тие постојат, како спротивност за да се надополнуваат, за да го создадат моралот и моралните вредности на еден човек, кој сака и мрази, победува и губи, создава и уништува, простува и одмаздува.

Конфузноста, несигурноста се главни причини често да се чувствуваме збунети и исплашени. Низ животот нидуваме на многу препреки и токму затоа патот до остварување на нашите сништа и мечти иако е макотрпен, со упорност и волја ќе се избориме да го изодиме за да ја достигнеме нашата цел. Во раната младост не секогаш сме доволно способни и разумни да донесеме свесно исправна одлука.

Потребна ни е поддршка разбирање и совет од зрела возрасна личност со рационално размислување. Често се потпираме на нашите родители, семејството, како примарно окружување кое нуди материјална, емоционална и социјална поддршка. Велат дека смислата на животот може да се дефинира преку елиминирање на бесмислиците. Имено, полесно е да се живее бесцелно, отколку да се пронајде суштината на постоењето зашто постојат многу начини да се даде погрешен одговор на прашањето на животот. 

Оттука земајќи предвид дека има само еден пат на потврдување (смисла), а десетици на порекнување (бесмисла, несмисла, премисла...), решението се крие во едноставно препознавање на негаторските префикси. Сепак, смислата може да се достигне, не само ако научиме морфологија за да се снајдеме и справиме со негаторските префикси кои носат безнадежност бесцелност и безизлезност, туку и ако сите тие морфолошки нијансирања навреме ги направиме. Зашто кога префиксот и основниот збор толку ќе сраснат еден со друг веќе нема да бидат можни никакви јазични интервенции, а ние ќе живееме со разочарувањето, дека требало да се занимаваме со фонетика или синтакса.

Затоа драги мои, проширете ги вашите видици, турнете ја оградата која се наоѓа на вашата крстосница и минете ја безбедно.

Емилија Величковска, професорка по македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“ Скопје

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk