Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Харис Бачевац, III1, СУГС „Браќа Миладиновци“

1-6Знам дека сега е март и дека е кочан ладно и на никого не му е гајле за глобалното затоплување, но за тоа мора да се зборува со цел некако да ставиме крај на убивањето на нашата планета. Климатските промени се вистински, за нив скоро во потполност се виновни луѓето, а со самото тоа треба да поднесеме одговорност за направеното. Поради тоа сите мораме да сфатиме дека заедно треба да делуваме со цел последиците кои се можни да се случат, навремено да се спречат.

Голем број на научници и експерти на полето на климата и климатските промени сметаат дека светот оди во сигурна пропаст и дека на човештвото му се заканува вистинска катастрофа. Врз основа на голем број научни студии просечната температура на земјината атмосфера во следните сто години ќе се покачи за цели четири степени. Ни изгледа како нешто што не треба да биде алармантно, но верувајте тоа е само поради нашето незнаење. Доколку тоа се случи, помеѓу другото, а веќе насловот и наговести, Балканскиот Полуостров, а заедно со него и цела Јужна Европа би се претвориле во вистинска пустина. Афричката пустина би се проширила со погубни последици за тамошната човечка популација. Снегот би го снемал од Хималаите, а тоа би иницирало промена на коритата и водените текови од кои зависат две милијарди луѓе.

Ни американскиот континент не би бил поштеден, особено не Андите. Топењето на снегот од овие планински венци, би донело до можни поплави, но и недостик на вода за пиење со што во прашање би била донесена егзистенцијата на бројни популации. Големи површини на шуми би биле опустошени од долгите и суви лета, а целокупната флора и фауна би била на вистински удар. Екстремните климатски феномени како што се силните ветрови, разни олуи и циклони вистински би се зачестиле. Порастот на нивото на морето би предизвикал огромни миграции, со што некои градови би биле потопени, а некои пренаселени. Сите овие сценарија се можни, тврдат научниците, и тоа до крајот на векот.

Набројав толку многу проблеми кои би можеле да настанат, а го изоставив главниот фактор поради кој сето ова се случува или ќе се случи. Тоа е зголемената концентрација на штетните гасови во атмосферата кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, меѓу кои најзначаен е јаглерод диоксид, а тој е толку зголемен најмногу поради форсирањето на фосилните горива. Концентрацијата на јаглеродниот диоксид од индустриската револуција, па се до денес е зголемена за 39%, што е запрепастувачки многу.

Постои надеж! Сите стравови на владите ширум светот и на фабрикантите се неосновани и непотребни. Економијата нема да биде забавена ниту ќе биде потребно да се отпуштат голем број луѓе. Студиите покажуваат дека инвестициите кои би биле вложени во „зелената технологија“ не се толку високи во однос на тоа што тие го носат. Светот целосно треба да се сврти кон обновливите извори на енергија како што се сонцето, ветерот, океаните. Силата на ветерот би можела да задоволи 30% од вкупната светска потреба за енергија. Ветрот не е константен, но тогаш кога го има ослободува големо количество на енергија преку ветерници во кои би требало вистински да се инсвестира. Сонцето пак обезбедува уште поголемо количество на енергија, дури и повеќе од потребното. Технологијата која сега ја имаме не може да ни го овозможи тоа, но со планирано нејзино развивање би биле во состојба да создадеме големи соларни панели кои ќе можат да го реализираат горе наведеното.

Заклучокот доаѓа сам по себе. Односот кон природата мора да се смени, за да не би се сменил нејзниот однос кон нас. Тогаш природата нема да не штеди.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk