Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Александар Соколчевски, II година, СЕТУГС „Михајло Пупин“ - Скопје

1-9Младинскот активизам е индикатор на здавјето на едно општество. Тој активизам покажува колку едно општество е демократско, во која мера ги почитува непишаните етички закони универзални за граѓанските демократски општества во 21-от век. Колку овие вредности се присутни во една генерација која со сите свои претензии и особини еден ден ќе го управува општеството во кое расте и созрева е тема за дискусија.

Факт е дека нашата генерација расте во хаотично и можеби несоодветно општество. Ако се земе в предвид дека со користење на комуникациските можности денес секој може да види до каде сме во секој сегмент на општественото живеење во споредба со земјите кон кои се стремиме да се приклучиме, си давам за право да размислувам дека доколку нема друг начин, младинскиот активизам е клучот со кој може да се укаже на грешки во хаосот. За жал, мислам дека младинскиот активизам кој денес се обидува да остави некаков печат со своето делување е само бледа сенка на она што навистина треба да биде. Толку е очигледно дека голем дел од тие активности се изнудени, а за жал по одреден период и изманипулирани од поголемите играчи на сцената наречена политика, во која младите заради немање искуство, се само дел од сложувалката на нечии интереси.

Како тогаш да заживее овој дел од општественото живеење на младите? Многу едноставно, се се учи и станува дел од однесување, начин на размислување и гледање на нештата на секој поединец кој стекнува навика да носи одговорни одлуки за себе, но и за другите. Секоја чест на поединци свесни за моќта на сопствениот збор и дело, но уште многумина од нас треба да учат дека во себе носат енергија, а сигурно и желба да направат барем мал исчекор во подобрување на општеството во кое растат и претендираат да живеат. Не верувам дека сите сакаат да се исселат од ова парче земја.

Научете не како да се бориме за своите права, не само кога сме засегнати лично. Научете не да не се плашиме да го искажеме сопственото мислење и став. Научете не да веруваме дека верувате во нас и во она што ние ќе го градиме. Ако има кој да не научи.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk