Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Елена Гелебешева II1, СУГС Гимназија „Орце Николов“- Скопје

elenaЕј вие,  дечко... девојко! Да, вие, на сепарето, со телефоните во рака. Што има ново на твитер и фејсбук? Или можеби токму сега „ставате“ чек-ин? Или пак сликате за снепчет и инстаграм? Гледајте пред себе, кафето ви се олади, а ладното кафе не е пријателско кафе. Се сомневам дека разменивте два-три збора помеѓу себе. Што ви беше последниот муабет? Не се сеќавате, нели?

Има ли нешто поважно од тоа, денес да бидеш „фаца“ низ градов?! Да поминуваш на улица и сите со „восхит“ да гледаат во тебе? Тоа е врвот што можете да го достигнете со вашите 16, 17, 18 години, така?! Добро, ќе речете општеството се менува, времето, генерациите се менуваат.. И навистина е така, но каква е нивната цел, кон што тежнеат, кои се нивните идеали?

Свесни ли сте за себе, кога вперени со погледот, наместо во сегашноста, гледате во виртуелниот (не)реален филм... Го криете вашиот идентитет зад некој создаден профил, зад виртуелното „тој“ и „таа“. Луѓето со кои зборувате на социјалните мрежи ги нарекувате свои пријатели, само заради тоа што делите исто мислење, а не знаете колку тоа мислење и тие чувства се вистински. Ги заборавате вистинските лица во вашите животи, лица со кои секоја среќа и секоја тага сте ја споделувале. На една рака можат да се избројат оние кои во секој момент можеме да ги побараме и да добиеме средба, внимание, помош. Дали зборот љубов има некаков ефект врз вас? Не чувствувате благ немир во срцето и душата при неговиот изговор? Ниту една личност не ви поминува низ мислите секојдневно?! Страшно... Реалност без стварност.

Каде ли замреа, во кој ли агол останаа да собираат прашина искреноста, добрината, почитта? Поважно од вашето мислење ви е мислењето на другите за вас, мислењето на другите за другите. Сѐ помалку правите тоа што вам ви одговара, сѐ помалку време оставате за себе. Престанавте да живеете за останатите, затоа што тие не сте ВИЕ. Дали тие помислуваат на вас?

Живееме во свет конструиран од ветувања, создаден од лаги. Чувствувајте се слободни и  кажете го своето мислење. Живејте за да учествувате во градењето на новиот свет и новата генерација. Свет што ќе остане и ќе продолжи да живее и после вас.

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk