Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Доротеа Огненовска, СУГС Гимназија. „Јосип Броз Тито“ Скопје

jas mislam vaka doroteaСтварно не знам што се случува со градов. Чувствувам како го проголтал секој човек, кој стапнал на неговиот свод. Отсекаде се појавуваат нови нешта. Воопшто не им го знам изворот и редоследот. Лево или десно, напред или назад.

Па, ете дојде и периодот кога се сменија годишните времиња. Ме стегаат некои отровни носталгии, па ќе се сетам дека дошла пролет. Многу си ја сакам пролетта. Зрачи љубов. Најомилен ми е оној период меѓу пролетта и летото, кога ништо не е битно само да си надвор на улица меѓу живиот свет.

Ми се допаѓа тоа што градот е зелен, бар она крупно зеленило, што остана да живее низ улиците и ситните паркови. Го чувствувам како катадневно ме предизвикува на двобој, а училиштето ме влече меѓу четири ѕида и бели решетки, не дозволувајќи ми да си го изветреам мозокот.

Криво ми е за бездомникот, пред бивш „Мек Доналдс“ во Центар. Секогаш седи сам во агол и решава крстозбори. Не паметам кога последен пат решив крстозбор, најверојатно нешто пред две-три години. Криво ми е и тоа што, ние како народ, знаеме да бидеме ограничени за многу прости и нормални работи. Колку знаеме да етикетираме и да судиме кој како се облекува, каква музика слуша, каква сексуална ориентација има... Па, зар не е тоа индивидуална селекција на сопствениот замрсен живот?

Цел асфалт е исполнет со безобразна прашина, која миговено се напластува на улиците и ги затрупува сите оние неискажани „јас“ и општата слобода на говорот. Склони сме на туѓи префрлања, за на крајот да се почувствуваме како леб намачкан со паштета, чиј рок е одамна истечен.

Сите правила кои мораат да бидат почитувани и сите закони кои морат да бидат прекршени. Бидејќи, нели, што би биле ние, ако не сме бунтовници со жолти капи и гладни стомаци. Се чудам како времето пребрзо тече, дур го престигнам, ќе добијам инфаркт. Па, после сите се чудат зошто толку млади луѓе умираат. Па не умираат, бегаат на другата страна. Која е другата страна наавистина не знае никој. Времето ги навјасало и ги пореметило. Така одат тие работи. Би напишала уште некој збор повеќе, но сијаличката ми прегоре, а немам време да си купам нова.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk