Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Тамара Стевковска, III година, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“

1-12Знајни и незнајни јунаци се одважија во изминативе недели и покажаа дека март е променлив исто како и средношколската енергија кога ќе ја допреш по нервот за математика. Се разбира „математика на матура“ е само топ темата која ги разбуди средношколците исто како што секој март на крајот сепак завршува со пролет.

Ги нареков знајни и незнајни јунаци, а всушност мислам на организирани и неорганизирани средношколци во пленуми и групи кои протестираа различно на иста тема, што пак особено импресионира. Да не биде после дека некој ги организирал сите. „Ставот е мало нешто кое прави голема разлика“.Ова е слоганот кој го прочитав на Фејсбук профилот на Средношколскиот пленум. Го подржувам бидејќи секој и сечиј став мора да се слушне, анализира, а зошто не и да се коментира! А ставот на сите групи, пленумци и пленуми за темата задолжително полагање математика за матура е едногласен „Читај: НЕприфатливо за матурантите ...сегашни и идни.“. Со аргументи се одважија средношколците од Скопје, Куманово, Штип, Битола, Велес, а поддршка најавуваат и од останатите градови.Некои протестираа некои само подготвуваа факти и предлози. Но се чини нема одговори на клучните прашања без кои оваа одлука на Министерството за образование едноставно нема логика.

Прашањата се едноставни. Кој ги подготвуваше програмите за бројот на часови по математика за средните училишта во Македонија? Претпоставуваме експерти од Министерството за образование. Зошто согласно тие програми за различни насоки во средните училишта се предвидени различен број на часови по математика? Едни имаат два, други три, а трети дури девет часови математика во неделата. Претпоставуваме бидејќи експертите процениле дека секоја струка има различна потреба од математика.Зошто тогаш донесовте одлука сите да полагаме една математика за матура и задолжителна за сите? Па нели програмите за учење во сите струки ги правеа експерти? Изгледа експертите се „незнајни јунаци“ кои сега на мегдан немаат одговор. Одговорот всушност е многу едноставен. Ако толку сте загрижени од слабите резултати и знаење на математика на средношколците ,сменете го пристапот во учењето и програмите согласно потребите. Ние не сме за умирање на математиката. Ние сме за учење на математика согласно потребите на идната професија. Математика за матура: ДА, како слобода на избор на идниот студент во струката за која се определил.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk