Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Султана Јовановска, IV-4,  СОУ,,Јане Сандански” – Струмица

jovanovskaсВо градинка не беше праведно што дел од моите врсници правеа што сакаа, додека останатите мораа да ги  почитуваат правилата, истото се случуваше во основно, а сега и во средно. Но, што е тоа што ги тера некои ученици да уживаат повеќе права од другите, дали постои нееднаквост помеѓу нас?

Ова прашање ќе си го поставуваш се додека не дојдеш до сознание каква функција имат родителите на тие деца. Тоа се деца на директори, административци, лекари, професори, политичари и сл. Деца на кои воспитачките во градинка им посветуваат повеќе внимание отколку на обичните смртници, во основно им пишуваат одлични оценки без трошка знаење, а средно... Во средното е анархија, вистински хаос. Некои носат врска, а некои лептир машна, зависи каква функција имаат нивните родители, оценки добиваат без никаков проблем и без трошка знаење. Но, што со оние кои што со сопствен труд ја заработуваат оценката додека некои доаѓаат и без никаков труд добиваат супер оценки? А знаете што е најжално? Најжално е тоа што тие истите деца ќе завршат на приватен факултет или оние со лептир и на државен, и тие истите... Да, да тие истите! Кои немаат прочитано повеќе од две книги,  ќе водат фирми и ќе бидат директори, административци, лекари, професори и слично. Тие истите... Барем така е во нашата прекрасна држава.

Минута молк за таа поделба на класи и нееднаквост. Минута молк за нас обичните смртници. Минута молк! Еднакви сме само во една работа, начинот како се раѓаме и начинот како ќе заминеме од  овој свет.                                    
         

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk