Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Миа Георгиевска, IV-10, СУГС „Јосип Броз Тито“

mia-georgievskaДа учиш во едно од најдобрите средни училишта во Скопје не е ни малку лесно, но да учиш во германската паралелка на вакво училиште е вистинска привилегија. Ние не сме ниту досадните бубалици, ниту најпознатите фаци во Скопје, но сме оние кои ја претставуваат новата генерација на успешност во двете полиња – училиште и приватен живот. Во следните испишани редови сакам да го претставам училишниот живот на ученците од оваа паралелка и да упатам благодарност до сите оние кои секогаш беа тука за нас.

За да бидеш дел од ваква паралелка значи да го затвораш училиштето во петок втора смена и да го отвараш во понеделник прва, пред се поради обемниот број на часови во неделата. Во меѓувреме, за време на викендот, излегуваш и го живееш твојот живот надвор од училишните обврски.

Тројца професори по германски јазик шест часа неделно неизмерно се залагаа да ни вродат љубов кон јазикот и притоа да не воведат и да ни ги олеснат сите потешкотии со германскиот (а верувајте, секое ново нешто претставуваше проблем за нас). Четири години неизмерен труд и нервози кој на крај ќе резултираат со успешно полагање на завршниот испит по германски јазик. Под подготовка за полагање на завршен испит германски се подразбираат различни активности како што се пишување есеи, читање, слушање, усна подготовка, 24-часовен стрес и секако многу, многу кафе, за во последниот ден да го покажеш сето она што си го научил и да „растуриш“ на испит. Знаењето кое го добивме од макотрпната работа на овие професори несомнено е дека ќе ни послужи и во понамошното живеење, тогаш кога нема повеќе да бидеме дел од училишните клупи на „Јосип Броз Тито“.

Но, освен германскиот, не очекуваа уште десетина други предмети и исто толку професори желни да стават петка. Во германската паралелка професорите со мерак пишуваат петки, но за тие петки се боревме со сето наше прекумерно учење и притоа добиено знаење. Реченици дека како најдобар клас мора да знаеме повеќе од другите биле, и секогаш ќе бидат присутни. Обемни лекции, дебати, дела за обработка, задачи за решавање, есеи, вежби, тестови и испрашувања беа дел од нашите обемни школски денови. Можеби и бевме најизмачените во ЈБТ, но ние сме гордоста на нашите две класни овие четири години, кои со задоволство ги примаа заслужените пофалби од другите колеги!

И покрај сите овие обврски како клас што најмногу учи, сепак секој од нас наоѓаше време за да им се посвети на своите пријатели и да ужива со нив низ скопските кафулиња и ноќните концерти и настани. Кафаната беше единственото место кое може да не собере сите 27 „Германци“ од четврта, а таму уживавме после успешно извршените задачи и испити. И имаме живот, имаме доста исполент живот иако многумина сметаат дека тој се губи со самиот процес на учењето.

За некои, ваквиот средношколски живот звучи престрашно, други пак, се поистоветуваат и пронаоѓаат во нашите предизвици. Но, она што ние го добивме овие четири години од ова училиште не направи луѓе и не научи да го вреднуваме трудот на останатите околу нас.

Професорите кои со сите нивни сили не тераа да учиме и повеќе отколку што треба не научија дека ништо во животот нема да добиеме без мака, без голем труд нема успех онаков каков што ние посакуваме. Од деца направија луѓе способни самостојно да размислуваат и да се борат за она што им следува и она што заслужиле. Луѓе, спремни да ги прифатат сите предизвици на новото модерно општество и со своите стекнати знаења да придонесат во градење на подобра иднина за нас и оние после нас. Објективноста во оценувањето која ни ја понудија не направи самостојни, а знаењето кое го бараа од нас не направи сложни во секој поглед на зборот. Токму учењето за нивните предмети склопи прекрасни и вистински пријателства. Преку помошта и формалната соработка за училишните задачи создадовме врски кои прераснаа во искрени прегратки и пријателски совети кои продолжија да се остваруваат преку ноќните излегувања низ скопските улици. Дознавме дека колку и да е макотрпно, учењето не поврза и направи од нас вистински пријатели и граѓани на светот.

Крајот се ближи, останаа уште неколку месеци до крајот, но ние создадовме спомени вредни за паметење. На самиот крај останува прашањето дали би го повторила секој поминат ден од овие четири години? Одговорот е секогаш ист – со задоволство!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk