Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Весна Нолевска, 2-8, СУГС Гимназија „Никола Карев“

1-8Општеството на иднината треба да биде место на јакнење на социјалните капацитети. Градењето на социјалните мрежи ќе се потпира врз сопствената одговорност и социјалност. Едно модерно и слободно општество зависи од општествениот ангажман на граѓанинот. Таква социјална мрежа претставува семејството. Во негови рамки се пренесуваат социјалните вредности и норми. Но, поради актуелниот начин на живот, улогата на семејството не може да ја покрие потребата од тоа до крај да ја одигра својата улога во социјалната надградба на една индивидуа.

Голем дел од оваа улога паѓа врз училиштето кое ја презема функцијата на социјална мрежа. Училиштето и образованието се задачи на целото општество. Еден од најголемите предизвици на училиштето како социјална мрежа е да им помогне на младите луѓе да бидт дел од заедницата и да се здобијат со неопходните способности за тоа. Затоа  мислам дека училиштето треба во нас младите да ги разбуди способностите да станеме одговорни, самоангажирани, активни и грижливи членови на општествената заедница.

За остварување на оваа цел мислам дека треба да се отворат границите помеѓу општеството и училиштето. Мислам дека „топењето на бариерите“ ќе се случи со поголема соработка меѓу професорите и, учениците, училишното раководство, родителите, разни здруженија и организации. Успешноста во социјалното вклучување ќе обезбеди подобра подготовка на учениците за професионалниот живот. За да се постигне ова неопходно е да се изостри чувството за доброволен ангажман на поедниците: подготвеноста на поединецот да ги надмине сопствените интереси и да се ангажира за општото добро преку конкретни иницијативи е клучниот поттик во структуирањето на училиштето како социјална мрежа на 21 век.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk