Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Екатерина Плескоњиќ, професорка во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“

Oд дамнина е јасна моќта на медиумот. Тој, неговото височество, е најголемиот моќник, креатор, стимулатор, најголемиот контролор на нашите сетила, било да е тој пишан, електронски, неговото восприемање да е аудитивно или пак визуелно. Дел од нашата свест реагира несвесно или пак сосем свесно, па ги потиснува сознанијата за неговата постојана потребно отсутна присутност. Можеби сме свесни, а можеби и не, но едно е сигурно, сите ние сме директно вклучени, меѓусебно вмрежени во најсовремениот начин на војување, но овојпат војната не е фронтална, туку неокортикална, а главниот и одговорен виновник за оваа војна е кој ако не новиот медиум, Интернетот.

За да биде интернетот убаво и позитивно искуство, бидејќи покрај придобивките тој носи и ризици, кои бараат одговорност, Вие, мора да бидете способни да разликувате кои интернет содржини се вистинити, кои содржини се прифатливи за вашата возраст, а кои не, кои и какви фотографии може да се постават он лајн, а какви не. Вие треба да го сфатите и значењето на поимите приватност и углед и како да ги зачувате истите.

Колкумина од Вас средношколците, но и сите ние возрасните, го сфаќаме сериозно значењето и влијанието на музиката како медиум. Што е она што првично го привлекува нашиот аудитивен апарат? Верувам дека сите едногласно ќе се сложиме дека тоа е мелодијата, ритамот. Да, тоа е нејзината примарна функција, но, што ако пристапиме теориски и го примениме методот на херменевтиката? Ќе дојдеме до нејзината секундарна функција, а тоа е скриеното значење во текстот, односно интертекстуалноста. Дали некогаш сте се запрашале за семантичкото значење на зборот музика. Ако го расчлениме, ќе дојдеме до коренот на зборот, муз- а/и кој во буквален превод значи песна, но и поттик и инспирација за нејзино создавање. Но, дискутабилното прашање е каков поттик и каква инспиративност предизвикува таа.

ПОРОЧНОСТ!!! Токму така, музиката е уште еден во низата пороци. Денес во ова време на хиперпродуктивност и креативноост, природна или вештачка, има стотици правци во музиката. Општо познато е дека музиката може да има полезно и спасоносно, исцелително и стимулативно дејство врз човекот. Нo, постои и онаа другата, агресивната, деструктивната страна која несвесно за слушателот, но многу свесно од страна на создавачот на суптилен начин предизвикува девијации, особено кај младата популација чија критичка мисла се` уште не е развиена.

Музиката е во нераскинливо единство со фотографијата, односно сликата како нејзина визуелизација. Велат дека фотографиите вредат илјада зборови, една фотографија безброј приказни, спомени. Од искона е присутна потребата кај човекот да остави трага за своето постоење, но денес таа потреба следејќи го светскиот тренд се сведе на јавно споделување на интимноста со светот? Да, и тоа ќе беше во ред ако не постоеше злоупотребата.

Злоупотребувањето не познава граници во овој медиумски безграничен свет. Пред да објавите фотографија, имајте на ум дека таа може да се злоупотреби и да се дистрибуира без Ваша согласност од трети лица, затоа добро проучете ги  политиките на приватност на социјалните мрежи, внимателно одберете каква информација ќе содржат Вашите фотографии.

Дали знаевте дека „селфи“ фотографиите завршуваат во НАСА. Според статијата на „Шпигел“, која беше објавена изминатиов викенд, Агенцијата за национална безбедност на САД масовно собирала фотографии од интернет и други извори за да ги провери со софтвер за препознавање на лица.

Светот во кој живееме ја надмина антиката, ја надмина ренесансата и прерасна во нова ера во која етиката е веќе заборавена. Не смееме да заборавиме дека сите ние во исто време имаме улогата на едукатори, педагози, психолози, родители, старатели и речиси секогаш сме првата и последна, но и најдобрата линија за заштита на нашите деца. Затоа во таа насока треба меѓусебно да дејствуваме и повеќе од потребни ни се ваквите едукативни дружења.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk