Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

hristina-najdovskaЧесто по медиумите, а и во секојдневниот живот слушаме за проблемите со кои се справуваат луѓето од типот на малолетничка останала трудна, жените од руралните средини трпат сексуално малтретирање или пак хомосексуалците се мета на психичко и физичко насилство. Може и комшивката да се справува со вакви проблеми, може и нашата соученичка сака да направи абортус или пак нашиот другар сака да се депилира. Велат луѓето, тоа не е нормално. А која е дефиницијата за нормалност? Она што за пајакот е нормално, за мувата е убиство. Додека молчиме, можеме и ние да бидеме епицентар на овие проблеми.

И тука го формулираме прашањето што треба да се направи за да се избегнат ваквите ситуации? Какви мерки да се преземат? Едно знам, дека гласно кажувам „да“ за сексуалното образование. Сексуална едукација не треба да има само по центрите кои се занимаваат со сексуално и репродуктивно здравје, туку и во основните и средните училишта. Младите уште од најмала возраст треба да се запознаат со проблемите, со сексуалните преносливи инфекции, кои превентиви да ги преземат, како да се заштитат од бременост, дека додека се мета на насилство не треба да молчат и да потиснуваат во себе, туку да пријават.

Денес младите не знаат ниту каде да го пријават насилството, се срамат да ги кажат своите проблеми, се срамат да купат кондоми кои се превентива за нивното здравје, се срамат да одат на гинеколог. Професорите ги избегнуваат темите за секс, ги прескокнуваат лекциите по биологија за половите органи. Професорите молчат, родителите молчат, младите се предмет, односно трпител на дејството. Во модерното општество, сексуалните односи не треба да бидат табу-тема, затоа што не засегаат мене, тебе, нас.

Јас велам гласно „да“ за воведување сексуално образование, „да“ за едукација, „да“ за интеграција на младите да сменат нешто. Да си ја подигнеме свеста, да се спознаеме прво себе си, а потоа и нашиот партнер. Ако општеството треба да биде здраво тело, ние треба да се потрудиме да го изградиме од здрава клетка.

Христина Најдовска, IV-1, СУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk