Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Ana GevgelijaОтсекогаш било важно младите да бидат задоволни, реализирани, да имаат услови во кои ќе ги остваруваат своите афинитети без оглед дали станува збор за оние кои живеат во големите метрополи или за мало место како што е моето, Гевгелија.

Најважни од сè се пристапот и начинот со кои ќе се побудат одредени интереси кај најенергичната категорија на луѓе, како ќе се збогати нивното секојдневие од аспект на културата, забавата, социјалниот живот итн. Работи кои можеби изгледаат како „ситници“, но кои се толку битни за нас. Работи кои во мојот град недостигаат.
Глобализацијата, развојот на општеството ги тера младите да размислуваат пошироко, да се зголемат нивните апетити за реализација на нови идеи, за градење и отворање на објекти од културен и забавен карактер.
Недостигот од таквите места, како кино-сала, куглана, трговски центар, базен, е воочлив уште на прв поглед. За многумина тоа создава одбивност кон самиот град, што нѐ доведува до уште еден проблем, односно желбата да се замине оттука. Немањето други можности води и до затворање дома, каде што младите сѐ почесто ја добиваат можноста да се дружат со нивните најдобри „другарчиња“ - телефоните, компјутерите, телевизорите.

Мислам дека како помал град би требало да обратиме повеќе внимание на можностите кои ги имаме или немаме за изразување на младите. Потребни ни се повеќе настани од различен карактер кои редовно ќе се одржуваат. На тој начин ќе се надградат и младинскиот интелект, креативноста, солидарноста...
На пример, имаме голем број часови по екологија во образовната година, меѓутоа еколошката практика од ден на ден сè почесто опаѓа. Затоа сметам дека се потребни работни акции во кои младите ќе внесат голем физички труд и добро ќе воочат дека заштитата на природата е далеку поважна од можеби нивните обратни ставови и размислувања на оваа тема. На пример, би можеле да се бетонираат кантите за отпадоци, кои инаку често и лесно се оштетуваат и „откорнуваат“ од пијани млади минувачи.

Друго, за младите кои, нормално, имаат потреба од релаксирање со музика и поголемиот дел од денот го поминуваат со слушалки на ушите, може да се организираат часови по латино или други танци. За тоа се потребни само ентузијазам и простор.

Во меѓувреме, дали имаме простор за изразување на своите идеи и реализирање на нашите потреби и дали во Гевгелија има место за црвен тепих за уметноста се прашањата што секојдневно си ги поставуваме.
Фактот дека живееме во мал град треба да ни даде до знаење дека имаме можност лесно и брзо да се организираме, можност што секојдневно ја пропуштаме. Нели велат „иднината е во младината“, па би било добро ако ги искористиме можностите што побрзо и со пример да одговориме на прашањата.

Ана Шапкарова, трета година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk