Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Kakva e taa nauka samo na hartijaМарија Јованова, ученичка во СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци

Образованието е составен и вклучен дел од нашиот живот и токму тоа ги отвора нашите хоризонти, давајќи ни можност да се пронајдеме во идната професија и да бидеме успешни во животот. Училиштето каде што се стекнуваме со знаења е битен фактор за квалитетот на нашето образование.

Моето училиште е мој избор и ми нуди многу можности за стекнување на знаења, но кога би се запрашала што би променила во моето училиште и општо во образовниот систем кај нас, мислам дека тоа не би било само едно нешто туку многу нешта, од повеќе аспекти како во науката така и во училишната средина.

Да почнам оттука. Каква е таа наука која ја учиме само на хартија, а многу ретко или воопшто немаме можност практично да ја осознаеме и да ги комплетираме нашите знаења? Недостигот од материјали и опрема го попречува нашето длабинско осознавање и проучување на нештата. Неколкуте кабинети со кои располагаат повеќето училишта, како и моето, не се доволни за напредното образование кон кое стремиме.

Нашиот фонд на часови е голем и тој придонесува да бидеме многу оптоварени со информации, не можејќи да се фокусираме на предметите кои сакаме да ги изучуваме во иднина.

Некои мои професори применуваат нови методи на работа за време на часовите, со кои сѐ повеќе ги вклучуваат учениците во наставата и ги мотивираат самите да допрат до одговорите кои ги бараат. Со помош на тоа согледав дека во нашиот образовен систем има застарени методи на работа кои повеќе не се ефикасни и истите треба да бидат заменети со нови кои ќе ја разбудат креативноста, ќе поттикнат групна работа развивајќи ги соработката и желбата за зголемување на знаењата.

Што би сменила во училишната средина? Мислам дека сите ние треба да учиме во училиште во кое ќе се чувствуваме среќно и исполнето, каде што слободно ќе ги изразуваме нашите знаења, без страв да погрешиме, бидејќи сепак сме таму за да научиме. Училиште каде што нема да трчаме по оценки, со помалку стрес, каде што наместо да создаваме ривалство и непријателство ќе шириме пријателство, љубов, толеранција и меѓусебна поддршка додека се стекнуваме со знаење. Вложениот труд и збогатувањето со знаење да бидат наша мисија, а постигнувањето успех и потрагата по идната професија наша визија.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk