Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Nikolija PehcevskaНи­ко­ли­ја Пех­чев­ска, СУГС „Ор­це Ни­ко­лов“, Скоп­је

Но­ем­ври е, по­не­ко­гаш лад­но, по­не­ко­гаш топ­ло, праз­но е. Ми­ри­са на гри­жи, бес­со­ни­ца и не­до­стиг од вос­хит. По­сто­ја­но ча­ди од си­те стра­ни, а по­ло­ви­на дрв­ја оста­наа го­ли, сон­че­ви­от зрак ни е ска­по­цен, за­тоа што ре­тко кој мо­же да го про­нај­де, те­шко му е да се про­бие низ маг­ла­та, а лу­ѓе­то од­би­ва­ат да му по­мог­нат.

На гра­дот му фа­лат бои, ре­чи­си е без­жи­во­тен, на мно­гу­ми­на им е здо­де­вен, но и по­крај сè ста­ну­ва­ме, се до­те­ру­ва­ме, се дви­жи­ме, во­ди­ме праз­ни му­а­бе­ти и че­сто за­бо­ра­ва­ме да ги до­вр­ши­ме. Са­ка­ме ме­ха­нич­ки, ре­чи­си без тро­шка љу­бов во нас, се пла­ши­ме од стра­ста, од но­ви­те зна­е­ња, од пре­диз­ви­ци­те и се чув­ству­ва­ме без­бед­но жи­ве­еј­ќи во ла­га, ба­ра­ме на­чи­ни да пре­жи­ве­е­ме, а ре­тко кој од нас умее да жи­вее. По­ве­ќе­то жи­во­ти се ед­но­лич­ни, не­кои има­ат мно­гу, а не­кои не­ма­ат во­оп­што ни­што, но не­ма­шти­ја­та знае да се ме­ри на не­кол­ку на­чи­ни, мно­гу­ми­на не­ма­ат при­чи­на за уште, но тоа оче­ку­вам да се сме­ни.

Ва­кви­от жи­вот е не­зас­лу­же­на каз­на на мла­ди­те, нам ни е по­треб­но да со­ну­ва­ме, да чи­та­ме, истра­жу­ва­ме и да го осоз­на­ва­ме све­тот над­вор од гра­ни­ци­те на учи­лиш­на­та клу­па. По­треб­но ни е да ги по­чув­ству­ва­ме раз­лич­но­сти­те за да ги це­ни­ме, за­што са­мо та­ка за­ед­но ќе жи­ве­е­ме. По­треб­но ни е да зна­е­ме што ѝ се слу­чу­ва на при­ро­да­та за да нај­де­ме на­чи­ни ка­ко да ја за­чу­ва­ме и не­гу­ва­ме, по­треб­но е да зна­е­ме со кои проб­ле­ми се со­о­чу­ва врс­ни­кот во Па­ле­сти­на, Аме­ри­ка, од со­сед­ни­те др­жа­ви, од Ру­си­ја, Ки­на, за да сфа­ти­ме де­ка си­те вре­ди­ме исто, си тре­ба­ме ед­ни на дру­ги и да ста­ви­ме крај на си­те овие вој­ни, да раз­мис­лу­ва­ме кри­тич­ки, да гра­ди­ме ка­ра­кте­ри и да дејс­тву­ва­ме кре­а­тив­но, со сопс­тве­на свест, би­деј­ќи са­мо та­ка се над­ми­ну­ва вр­вот.

И впро­чем не са­мо на гра­дот, ту­ку на це­ла­та пла­не­та ѝ се по­треб­ни хе­рои, бун­тов­ни­ци - под­го­тве­ни да скок­нат во не­поз­на­ти во­ди, а има­ме по­тре­ба и од во­да, за­што ули­ци­те се не­чи­сти, иа­ко са­мо не­ко­му тоа знае да му пре­чи. Мо­же­би еден ден ќе на­дој­де си­лен дожд и ќе од­не­се сè, мо­же­би та­ка ќе би­де­ме по­среќ­ни, а не­кои мо­же­би са­мо по­бес­ни. Нај­ве­ро­јат­но нај­до­бро би би­ло да се осве­сти­ме, не­ма­ме мно­гу вре­ме пред да ис­чез­не­ме.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk