Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Jana KostovskaЈа­на Ко­стов­ска, СУГС „Ни­ко­ла Ка­рев“, Скоп­је

- Мај­сто­ре, сред­на!

И, од­вај не­ка­ко во­за­чот на авто­бу­сот, и по­крај за­мис­ле­ни­от пог­лед кој бе­ше вр­зан за не­ко­ја лич­на проб­ле­ма­ти­ка, го за­пре авто­бу­сот на авто­бу­ска­та ста­ни­ца. Трг­нав кон учи­ли­ште­то, ка­де што ме че­ка­ше ре­а­ли­за­ци­ја­та на се­дум­ча­сов­ни­от рас­по­ред оп­то­ва­рен со две пис­ме­ни и ед­но ис­пра­шу­ва­ње по би­о­ло­ги­ја. По таа по­мис­ла згаз­нав во ед­на дуп­ка на тро­то­а­рот во ко­ја не­ма ден да нѐ згаз­нам, а ко­га по­чув­ству­вав бол­ка во згло­бот на дес­на­та но­га, на бр­зи­на сед­нав на бли­ска­та клу­па, впе­ру­вај­ќи го пог­ле­дот во дуп­ка­та. Ду­ри и мај­ка ми се се­ќа­ва на таа дуп­ка и ве­ли де­ка ја па­ме­ти уште од вре­ме­то ко­га се сим­ну­ва­ла ту­ка за да оди на бли­ско­то па­зар­че. Пог­лед­нав уште ед­наш кон дуп­ка­та и за миг за­бе­ле­жав де­ка во неа има пла­стич­но пар­че од ши­ше на про­из­вод што од по­о­дам­на не се про­из­ве­ду­ва. Си по­мис­лив: „Зар е мож­но? Зар тол­ку го­ди­ни ме­сто­то се ме­те са­мо со по­мош на ве­трот?“ Мо­ја­та по­ет­ска има­ги­на­ци­ја за миг ми се пре­тво­ри во гло­бал­на сли­ка вра­ме­на во умет­но­ста на „ци­ви­ли­зи­ра­ни­от“ мен­та­ли­тет на со­вре­ме­ни­от чо­век: на­фте­на де­по­ни­ја на по­вр­ши­на­та на мо­ре­то, пла­стич­ни ши­ши­ња на бре­го­ви­те на мир­ни­те ре­ки, умре­ни ри­би во мре­жи­те на „ци­ви­ли­зи­ра­ни­те“ за­га­ду­ва­чи, ис­чез­ну­ва­ње на рас­те­ни­ја­та на остро­ви­те со троп­ска и ме­ди­те­ран­ска кли­ма.

Ми  по­о­лес­ни, па си ре­ков да си про­дол­жам, за­што има­ше уште по­ло­ви­на час до за­поч­ну­ва­ње­то на учи­лиш­ни­от ден, а и мо­рав да си ку­пам не­што за ја­де­ње. Уште пред да дој­дам, вик­нав: „Бу­рек со ме­со!“ На бр­зи­на бев ус­лу­же­на и бр­зај­ќи се доб­ли­жив на два­е­се­ти­на ме­три до еден чо­век што оде­ше пред ме­не и ја­де­ше не­што што бе­ше за­ви­тка­но во иста она­ква хар­ти­ја во ка­ква што бе­ше за­ви­ткан мо­јот бу­рек. Си по­мис­лив де­ка и гос­по­ди­нот пред ме­не бил му­ште­ри­ја на исто­то ме­сто на кое и јас си го скра­ту­вав жи­во­тот со мрс­ни­от впе­ча­ток на вкус­на­та тра­ди­ци­ја на про­па­ста.

По не­кое вре­ме во­зрас­ни­от, кој ќе да има­ше се­дум­де­се­ти­на го­ди­ни, ја сту­тка и ја фр­ли хар­ти­ја­та на трев­ни­кот, про­дол­жу­вај­ќи по­на­та­му кон цел­та на не­го­во­то па­ту­ва­ње. На­ед­наш мо­е­то ви­стин­ско „јас“ се пре­тво­ри во молк.

За­бр­зав, а ко­га стиг­нав до фр­ле­на­та мрс­на хар­ти­ја на ко­ја има­ше тро­шки од бу­рек, за­ста­нав и го зад­ла­бо­чив пог­ле­дот во пси­хо­ло­ги­ја­та на комп­лекс­на­та при­ро­да на она што се на­ре­ку­ва оста­ток од хо­мо са­пи­енс од 21 век. Врз ко­сту­рот на сен­ка­та од де­неш­ни­от чо­век бе­ше за­ка­че­на це­ла филм­ска лен­та од до­ку­мен­ти­ра­на пер­цеп­ци­ја на ствар­но­ста: отсус­тво на чи­ста поч­ва, во­да и воз­дух, зго­ле­му­ва­ње на фи­зи­о­ло­шки­те рас­тро­е­ни осо­бе­но­сти на рас­те­ни­ја­та, по­раст на хро­нич­ни бо­ле­сти ка­ко: аст­ма, брон­хи­тис, рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции, кар­ди­о­ва­ску­лар­ни бо­ле­сти, арит­ми­ја, бол­ки во гра­ди­те, не­до­стиг од здив. Во ку­тра­та фр­ле­на хар­ти­ја ги ви­дов си­те по­га­ни атри­бу­ти што се вр­зу­ва­ат за де­фи­ни­ци­ја­та за чо­ве­кот.

Пог­лед­нав во мо­бил­ни­от те­ле­фон, па ко­га ви­дов де­ка за кра­тко вре­ме ќе поч­не пр­ви­от учи­ли­штен час, по­и­тав кон ули­ца­та што тре­ба­ше да ја по­ми­нам. За­ста­нав на пе­шач­ки­от пре­мин, ста­пи­са­на и вџа­ше­на: на сред пе­шач­ки­от пре­мин ле­же­ше те­ло­то на чо­ве­кот што пред мал­ку ја фр­ли хар­ти­ја­та во трев­ни­кот, а до не­го, на по­ло­ви­на ме­тар, нер­воз­но мол­че­ше авто­мо­би­лот кој го удрил. Од гла­ва­та на гос­по­ди­нот се це­де­ше цр­ве­на­та исто­ри­ја на се­гаш­но­ста: тоа бе­ше кр­вта на со­о­бра­ќај­ни­от ме­теж на не­из­вес­но­ста. Она што пос­лед­но го за­бе­ле­жав на мр­тви­от бе­ше пар­че си­ре­ње на ус­ни­те, од пос­лед­ни­от оброк - бу­рек со си­ре­ње. Вед­наш по­тоа го фр­лив мо­јот бу­рек со ме­со, сме­тај­ќи де­ка тоа ја­де­ње се стре­ми да ја ста­ви пос­лед­на­та точ­ка во авто­би­о­гра­фи­ја­та. Од утре­ден­та во мо­е­то це­лод­нев­но ме­ни има­ше са­мо овош­је и зе­лен­чук, и тоа 90 от­сто, кол­ку што упа­ту­ва­ат си­те поз­на­ти ну­три­ци­о­ни­сти. И, ете та­ка, сѐ мо­же да се сме­ни во жи­во­тот на чо­ве­кот, ама на­ви­ка­та за ре­дов­но за­ста­ну­ва­ње на авто­бу­ска­та ста­ни­ца кај не­кои во­за­чи - ни­ко­гаш!

- Мај­сто­ре, сред­на!

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk