Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Јас мислам вака

Elena SokoloskaЕле­на Со­ко­ло­ска, СОУ Гим­на­зи­ја „Мир­че Ацев“, При­леп

Да ви ги откри­јам тај­ни­те му­а­бе­ти што ги во­ди­ме во про­ва­ли­ја­та. Пр­во, се во­дат тај­но за­тоа што не­ма ко­му да ги ка­же­ме глас­но, а вто­ро, би­деј­ќи се­ко­гаш за дру­ги­те сме по­у­ба­ви ко­га мол­чи­ме.

Жи­ве­е­ме во си­стем ка­де што сè е точ­но опре­де­ле­но и исп­ла­ни­ра­но, ка­де што спон­та­но­ста е кри­ми­нал и на­чи­нот на об­ле­ку­ва­ње е по­ка­за­тел ка­ква е лич­но­ста. Од до­ма нè учат де­ка е по­до­бро ко­га не си трн во око, по­бр­зо ќе стиг­неш до ре­зул­тат. За чиј ре­зул­тат збо­ру­ва­ме? За ва­ши­от или на­ши­от?

За­тоа што на­ши­те жел­би се про­ме­ни и глас­на ре­во­лу­ци­ја, а на­ши­от ре­зул­тат са­ка­ме да би­де свет­ла ид­ни­на во ко­ја се­кој ќе мо­же да би­де свој без да би­де осу­ду­ван. За нас е ре­зул­тат и ко­га ќе учиш што са­каш, без да се пла­шиш де­ка не­ма ра­бо­та.

Си­те ве­лат де­ка ид­ни­на­та е на мла­ди­те, но ако збо­ру­ва­ме и ре­а­ги­ра­ме глас­но то­гаш ве­лат: „Мла­ди се, не зна­ат што збо­ру­ва­ат“.

Та­ка, ко­га тре­ба да се фор­ми­ра­ме ка­ко лич­но­сти нѐ сме­сту­ва­те во еден ка­лап. Тој е мно­гу те­сен, но ако, не­ли, би­деј­ќи ко­га ќе се „фор­ми­ра­ме“ во не­го, не е те­шко да мол­чи­ме. Мол­чи­ме и се­ди­ме во по­лож­ба­та во ко­ја нѐ оста­ви­ле, за­што не сме мр­да­ле, не сме пре­та­ле до­де­ка ни ја кро­е­ле суд­би­на­та. Си­те нè сме­сту­ва­те во еден кош, иа­ко се­кој е свој и прем­но­гу раз­ли­чен за да се изед­на­чу­ва со си­те.

За­тоа де­нес мно­гу мла­ди се­бе­си се сме­та­ат за нес­по­соб­ни за­ра­ди тоа што, на при­мер, не ги зна­ат те­о­ре­ми­те на Пи­та­го­ра или за­ко­ни­те на Исак Њутн. Но знај­те де­ка се­кој од нас мла­ди­те е спо­со­бен за не­што, се­кој од нас е до­бар во не­што и прет­ста­ву­ва по­себ­на ка­те­го­ри­ја.

Не, не си одат мла­ди­те би­деј­ќи не­ма­ат па­ри, си одат би­деј­ќи не мо­жат са­ми­те се­бе­си да се фор­ми­ра­ат она­ка ка­ко што тие са­ка­ат и чув­ству­ва­ат.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk