Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

Дописникот на „Медиум“, Станиша Станковиќ, ученик во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, ни ја претставува Јана Мајнова, ученичка во четврта година во СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје. Мајнова е доста активна, успешна и амбициозна млада личност која покажала врвни резултати како освоени златни медали во Унгарија, Хрватска, Романија, потоа сребрени медали во Кипар и бронзени медали на домашни и странски натпревари. Но, таа не сопира тука, добитничка е на неколку први места во областа на математиката, биологија, географијата, фармацијата, како и многу други значајни сертификати, дипломи, пофалници, натпревари, обуки, курсеви, летни школи и кампови, дел во Македонија, но и огромен сегмент во други земји, претежно Европските Држави. Пред одреден период, Јана истовремено доби награда за освоено трето место по математика на Интернационалниот натпревар којшто е организиран од страна на Американскиот Универзитет во Бугарија. И покрај големата конкуренција од ученици, коишто беа претходно селектирани врз основа на искучително тешки тестови и неколку активности во областа на математиката, Таа макотрпно се трудеше, вложи напор и сопствена волја да ја престави нашата држава на високо и задоволително ниво. Оттука е и причината за која ние ја интервјуираме и разговаравме со неа.

Со тоа што корона-вирусот COVID-19 официјално е прогласен за пандемија од Светската здравствена организација (СЗО), огромен дел од општествените дејности се во застој, без можност за продолжување на обврските, а образованието не е исклучок.

„COVID-19“ е видео проект на група средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ со кој сакаат да покажат дека младите се свесни за сериозноста на пандемијата, но и дека се информирани за причините, последиците и потребата од следење на препораките за превенцијата на корона вирусот.

Бленди Ходаи е ученик во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Трета година е. Соучениците го знаат како дружељубив, проактивен и правдољубив, особено кога се во прашање интересите на учениците. Но, го знаат и како претседател на Сојузот на средношколци на Македонија. Со група ученици од Тетово во 2017 година го основаа Сојузот и досега се проширија во десетина градови: Кичево, Гостивар, Штип, Куманово, Скопје и Дебар. Со стратешкиот план „Од нас, за нас 2019-2022“ сакаат да се прошират во сите градови во државата. Со него разговараше дописникот на „Медиум“, Станиша Станковиќ од Битола.

Една од најстарите, но и најреномирани образовни институции во нашата држава, гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, на 6 февруари прославуваше 75 години од одржувањето на првиот наставен час на македонски јазик.

Дописникот на „Медиум“ од Битола, Станиша Станковиќ ни ја претставува Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорката по англиски јазик во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ која со своите ученици, пријатели и волонтери ги започна големите акции за почиста животна средина. #МетиСиСоКласнето ја поддржуваа(т) сѐ повеќе граѓани чиј број расте на секој нареден настан во обид да му дадат нов, свеж и чист лик на градот. Но, најбитно е што „Класнето“ ја подигна свеста за почиста животна средина. Оттука и причината за наградата Волонтерско признание што ѝ ја врачи Советот на Општина Битола 2019.

Почетокот на средношколското образование ми беше период на себепронаоѓање. Отсекогаш ми се допаѓало да пишувам, изразувајќи се само преку есеите на училиште, сѐ до еден момент кога мојата професорка Тамара Ќупева ме праша дали сакам да напишам текст за средношколскиот весник „Медиум“. Без размислување прифатив. Таа љубов кон пишувањето за „Медиум“ се вроди толку брзо и остана до ден денес. Не очекував дека соработката со луѓето од „Медиум“ ќе имаат толкаво влијание да ме изградат во личноста која што сум денес. Професорке, Ви благодарам што го препознавте потенцијалот во мене.

На 20 но­ем­ври 1989 го­ди­на, во ге­не­рал­но­то со­бра­ние на Обе­ди­не­ти­те на­ции во Њу­јорк бе­ше пот­пи­ша­на Кон­вен­ци­ја­та за пра­ва­та на де­те­то. Со неа се оза­ко­ни де­ка де­ца­та се ин­ди­ви­дуи кои не при­па­ѓа­ат на сво­и­те ро­ди­те­ли и тие тре­ба не­пре­че­но да ужи­ва­ат во дет­ство­то, од­нос­но до 18-го­диш­на во­зраст. Во рок од 30 го­ди­ни, стап­ка­та на смрт­ност кај де­ца до 5 го­ди­ни се на­ма­ли на 50 про­цен­ти, ско­ро по­ло­ви­на од нез­гри­же­ни­те де­ца се згри­же­ни и 2,6 ми­ли­јар­ди де­ца има­ат чи­ста во­да за пи­е­ње, но сѐ уште има про­стор за по­до­бру­ва­ње и ра­бо­та.

Изум кој ја фас­ци­ни­ра­ше ле­кар­ска­та фе­ла и изум кој до­а­ѓа ка­ко прв во ме­ди­ци­на­та кај нас по 25 го­ди­ни е шпри­цот што го из­мис­ли 16-го­диш­ни­от Са­шо Јан­дре­ски од При­леп. Тој на овој про­ект ра­бо­тел ре­чи­си ед­на го­ди­на и ус­пеа да соз­да­де уни­ка­тен шприц кој­што се­га е па­тен­ти­ран и со ко­го на­ред­на­та го­ди­на ќе се по­ја­ви на нај­го­ле­ми­от ко­мер­ци­ја­лен са­ем во све­тот

Емо­ци­о­нал­ни­от жи­вот кај мла­да­та по­пу­ла­ци­ја во на­ша­та зем­ја е на мно­гу ни­ско ни­во. Кај нас, си­те - и на­став­ни­ци­те и уче­ни­ци­те и ро­ди­те­ли­те, се прем­но­гу фо­ку­си­ра­ни на ус­пе­хот со оцен­ки­те, но е не­оп­ход­но да се обра­ти вни­ма­ние и на мен­тал­но­то здрав­је на мла­ди­те. По­треб­но е дејс­тву­ва­ње и во таа на­со­ка, мла­ди­те да до­би­јат под­др­шка и да на­у­чат да се спра­ват со емо­ци­и­те, би­деј­ќи мен­тал­но­то здрав­је е не­и­зо­ста­вен дел од жи­во­тот. По­треб­но е из­ди­га­ње на све­ста кај лу­ѓе­то, осо­бе­но кај про­фе­со­ри­те и над­леж­ни­те ин­сти­ту­ции кои ра­бо­тат во об­ла­ста на обра­зо­ва­ни­е­то за да се по­све­ти по­ве­ќе вни­ма­ние на емо­ци­о­нал­но­то со­зре­ва­ње на уче­ни­ци­те.

Сред­но­школ­ци­те од др­жав­но­то му­зич­ко учи­ли­ште „То­дор Ска­лов­ски-Те­то­ец“ имаа мож­ност да слу­ша­ат пре­да­ва­ње од еден од нај­поз­на­ти­те ма­ке­дон­ски му­зи­ча­ри Вла­тко Сте­фа­нов­ски. Тој ме­се­цов бе­ше го­стин во те­тов­ско­то учи­ли­ште, а по­крај пре­да­ва­ње­то, уче­ни­ци­те имаа мож­ност и да раз­го­ва­ра­ат со не­го и во жи­во да слуш­нат дел од не­го­ви­от бо­гат ре­пер­то­ар.

По­ве­ќе уче­ни­ци од три ос­нов­ни и ед­но сред­но учи­ли­ште во Ге­вге­ли­ско учес­тву­ваа во еко­ак­ци­ја на ули­ца­та Илин­ден­ска во Ге­вге­ли­ја и си­те за­ед­но со­браа по­ве­ќе од 50 ки­ло­гра­ми пла­сти­чен от­пад.

Све­тил­ки од ид­ни­на­та што не се по­вр­за­ни со струј­но ко­ло, а мо­же да све­тат и да про­ду­ци­ра­ат по­сто­ја­на свет­ли­на ко­ја пре­ку бра­но­ви ќе се пре­не­су­ва и на дру­ги све­тил­ки.

По­ве­ќе од 200 уче­ни­ци од сред­ни учи­ли­шта од Град Скоп­је се со­браа да го раз­у­ба­ват дво­рот на учи­ли­ште­то „Ар­се­ни Јо­вков“ со цр­та­ње му­ра­ли, са­де­ње рас­те­ни­ја, по­ста­ву­ва­ње клу­пи и опре­му­ва­ње на спорт­ско­то игра­ли­ште.

„Аерозагадувањето е многу високо и ја надминува дозволената граница и затоа очекувам здружени акции на релевантни институции, но и акции од нашите граѓани“, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во интервјуто со средношколците кои се сретнаа со него на Медиумскиот ден посветен на животната средина, а кој се организираше во рамките на кампањата „Не игнорирај! Реагирај“ на Институтот за комуникациски студии. Претседателот изјави дека „иако мерките за здрава животна средина чинат многу, не треба да се плашиме да вложуваме повеќе затоа што се работи за здравјето на децата“. „Не само нашиот туку и животот на идните генерации зависи од сегашните активности што ќе ги преземеме“, рече Пендаровски.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk