Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

tunis-pretstavaТеатарската претстава „Срце кое бие“ е заеднички проект на учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ и средношколци од градот Сфакс во Тунис.

Претставата е колаж од неколку сцени кои биле инспирирани од Универзалната декларација за човекови права и Повелбата за правата на Земјата. Нивната порака е дека заедно или „рака за рака“ можеме да создадеме подобра иднина, да вложиме напори и да се бориме за зачувување на нашата планета. „Корчагинци“ од билингвистичкиот клас во трета година со туниските врсници претставата ја подготвуваа четири дена, а ја изведоа на сцената кај црквата „Света Софија“ во Охрид, под отворено небо над кањонот Матка и во училишната сала.

Седумдневниот престој на средношколците од Тунис беше во рамки на театарскиот фестивал ФИЛАС и претставувањето на туниската култура во Македонија. Тунижаните имаа можност да ги посетат Матка, Водно, Старата скопска чаршија, музеите, МОБ, Францускиот институт, како и древниот Охрид. Во предвечерието на нивното заминување, туниските средношколци автентично ја претставија својата земја преку нивните традиционални костими, танци и храна низ ходниците на „Корчагин“, којшто живееше во ритамот на ориентот.

Андреа Матевска и Уна Николоска,
средношколки во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk