Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

kumanovo-st-petersburgУчење на руски јазик преку незаборавни дружби. Вака петте ученци од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово ја опишуваат својата авантура рускиот град Санкт Петербург.

Средношколците, заедно со шест нивни професори и градоначалникот на Општина Куманово, ја посетија гимназијата во Санкт Петербург. Покрај договорот за соработка, професорите црпеа идеи за работа од своите руски колеги, додека кумановските ученици – сместени во семејства кај своите врсници, имаат можност да се запознаат со културата и обичаите на рускиот народ.

„Покрај овие богати школски активности, нашата група ученици имаа време и за разгледување на прекрасниот стар и раскошен град и запознавање со неговата историја, музеи, споменици. Уживаа во релаксираните прошетки надвор од градот и во друштвото на драгите пријатели од оваа наша збратимена гимназија“, велат професорите.

Проектот продолжува и во иднина. Сега Кумановци ги очекуваатучениците од гимназијата во Санкт Петербург да ја посетат Македонија.

Ива Томовска 4-11, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk