Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

lokalna-promena1Дали треба да бидеме отворени кон оние кои се поразлични од нас? Како да изградиме свет без стереотипи и предрасуди? Како да се справиме со глобалните трендови и предизвици?

Ова се дел од темите на кои шест средношколци од Македонија заедно до ученици од Шпанија, Италија, Германија, Русија, Тунис и Латвија дебатираа на младинската размена која се одржа летово во Санкт Петерсбург, Русија. Покрај можност за дебата со луѓе на иста возраст од повеќе делови на светот, учесниците направија и обиколка на градот и посетија голем број знаменитости.

Шесте средношколци од Македонија, сите ученици во скопското училиште „Браќа Миладиновци“, велат дека ваквата размена е одличен тренинг за менување на перспективите. Дискусиите им помогнале да станат поотворени кон оние кои се поразлични од нив.

lokalna-promena„Не може да се каже дека нам не ни влијаат финансиските, економските и политичките кризи кои се дел од светот. Токму затоа, младите луѓе треба активно да учествуваат во глобалниот свет, да ги искористат понудените шанси, да ги разрешат дилемите и проблемите, да воспостават комуникација со различни луѓе, да ги прифатат и почитуваат. Тие треба да знаат кои се и да бидат свесни за талентот и способностите кои ги поседуваат“, вели средношколката Христина Најдовска.

Искуството од размената во Русија средношколците го пренесоа и во своето училиште. Темите за самодоверба, толеранција и солидарност станаа редовна практика во работилниците на училиштето „Браќа Миладиновци“, со што овие млади покажуваат дека се подготвени за живот во модерно и мултикултурно општество.

Христина Најдовска IV1, СУГС „Браќа Миладиновци“ - Скопје

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk