Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Низ ходниците

jbt-mal-sveСредно училиште. Првата голема одлука во животот на секој млад човек. Каде да се поминат годините кои се незаборавен спомен од младоста,годините кога учиме од се по нешто, но најмногу за животот?! Предизвик, каде, зошто и што потоа? Учам во гимназијата ,,Јосип Броз Тито“, и како вчера да беше кога првпат влегов во училиштето.

Денес сум четврта година. Веќе имам поинакви погледи и разбирања отколку пред четири години, но едно знам исто како тогаш, дека не погрешив.

Ние сме училиште во коешто функционира билингвалната германска паралелка, за која од година в година интересот станува сè поголем. Нашите матуранти имаат и  несекојдневна можност за добивање диплома за меѓународна матура преку ИБ програмата. Во класовите нè има Македонци, Срби, Босанци, Роми, Словенци и заедно со двете турски паралелки сме пример за меѓуетничко разбирање и вклопување во околината како едно. Екскурзиите организирани од нашата гимназија секогаш биле вредни приказни коишто се раскажувале на долго и на широко.

jbt-mal-svet1Ние сме училиште кое многу нуди. Но, ,Јосип Броз Тито е  училиште и кое многу бара. Тука учењето е уметност која со многу труд и малку внимание ќе стане вистинска забава. Математичари, хемичари, јазичари - за учениците од „Јосип Броз“ се слуша и подалеку од Скопје, бидејќи и натпреварите им се силна страна. Во нашиот круг се и нашите професори, кои нè учат за највисоките морални вредности и ни помагаат во секоја пречка, која ќе ни застане на патот.

„Јосип Броз Тито“ е моето, нашето училиште. Нашиот мал свет. „Јосип Броз“ не е само институција, тоа е искуство за цел живот. Добредојдени се сите! Верувајте еднаш штом го искусите нашиот пат, ќе сакате повторно тоа да се случи.

 

Автори: Миа Георгиевски 4-10 и Тијана Милиќ 3-7

 

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk