Uncategorised |

Јас медиум

Да се биде медиумски писмен, меѓу другото, значи да се умее да се креира медиумска содржина или порака и истата да се сподели до пошироката јавност. Високата школа изработи неколку ресурси коишто содржат професионални совети како се продуцираат различни  медиумски содржини.

Погледнете ги туторијалите за:

– пишување за веб
– фотографија, и 
– видеопродукција, односно како да се снима и монтира со камера

 
Пишување за веб

Интернетот и социјалните медиуми ни ја даваат можноста, ние самите да бидеме креатори на медиумски содржини. Преку овие алатки, можеме да го споделиме нашето мислење со илјадници луѓе. Тоа можеме да го сториме преку блог, социјални мрежи, веб-страници.

  • КАКО ДА ДОЈДЕШ ДО ИДЕЈА?
  • ЗА ШТО ДА ПИШУВАШ?
  • КАКО СЕ ПИШУВА ЗА ВЕБ?
 
Видеопродукција

Видеото и телевизискиот израз се моќна медиумска алатка. Сликата која се прикажува лесно се памти и остава впечаток. Од друга страна пак, видеото овозможува да се пренесе некоја случка реално и автентично и да предизвикам емоции кај гледачите. Затоа, луѓето од светот на видепродукцијата велат: „добро раскажана приказна, предизвикува промена“. Но, за да се сними сними добро видео, треба да се знаат следните работи:

  • КАДАР
  • СЕКВЕНЦА
  • АКЦИЈА ИЛИ ЦЕЛИНА
  • КОНТРА ПЛАНОВИ
  • АТМОСФЕРСКИ ЗВУЦИ
 
 
Фотографија

Приказна се раскажува и низ фотографија и како што се вели „една слика, илјада зборови“. Но, за да се направи добра фотографија мора да се внимава на правилата за фотографирање. Во ова видео се објаснети тие правила:

  • ТОЧКА НА ИНТЕРЕС
  • ПОСТАВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ
  • БАЛАНС
  • МАТРИЦИ
  • ОСВЕТЛУВАЊЕ