Креативност

Иновативност

Оригиналност

Имагинација

 

Биди новинар за „Медиум“

Испрати ни го твојот текст на medium@medium.edu.mk и ние ќе го објавиме :)

Испрати

Инфо

На 30 октомври (среда), Институтот за комуникациски студии ќе го организира петтиот Медиумски ден. Околу 130 ученици од 14 училишта ќе посетат вкупно осум национални и локални медиуми кои се традиционални домаќини. Идејата е учениците да се запознаат со работата на новинарите, начинот на креирање вести и професионалните новинарски стандарди.

Годинашниот медиумски ден, ИКС го организира во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. За време на посетите во медиумите, учениците ќе дознаат дали и како медиумите информираат за теми за заштита на животната средина, екологијата и климатските промени. Кампањата ја поддржа и претседателот Стево Пендаровски и затоа учениците ќе го завршат Медиумскиот ден со посета на вилата „Водно“, каде што изворно ќе се запознаат со ингеренциите и активностите на претседателот за справување со предизвиците за климатските промени и заштитата на животната средина. Интервјуто на средношколците со претседателот Пендаровски, ИКС ќе го објави во средношколскиот весник „Медиум“ и на веб-страницата www.medium.edu.mk.

На Медиумскиот ден ќе учествуваат средношколци од вкупно десет града: „Ванчо Прке“ - Виница, „28 Ноември“ - Дебар, „Гоце Делчев“ - Валандово, „Богданци“ - Богданци, „Добри Даскалов“ – Кавадарци, гимназијата „Ј. Б.-Тито“ и медицинското средно училиште „Јован Калаузи“ од Битола, „Јане Сандански“ - Струмица, „Кочо Рацин“ – Велес, „Зеф Љуш Марку“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“ од Скопје. Учениците ќе ги посетат следните осум медиуми: Македонска телевизија, весникот „Нова Македонија“, ТВ-21, Радио МОФ, Макфакс, ТВ-Тера – Битола, ТВ-Плус - Куманово и ТВ-Вис - Струмица.

Медиумскиот ден се совпаѓа со иницијативата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) „Денови на медиумска писменост“, на која се приклучи и ИКС преку организирање на своите активности за унапредување на писменоста за вести и за дигиталната писменост.

Оваа веб-страница е изработена со помош на Европската Унија во рамките на проектот Коалиција за медиумска писменост. За објавените содржини е одговорна Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Адреса

ULICA
ул. Јуриј Гагарин 17-1/1
GRAD
1000, Скопје
WEB
Република Македонија

Контакт

БРОЈ
02 / 3090 004
МЕЈЛ
medium@medium.edu.mk