Денови на електротехниката во „Михајло Пупин”
И додека секојдневно во медиумските гласила течат информации за потребата од стручни кадри од областа на електротехниката, Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин” успеа на едно место да собере 198 осмоодделенци од Скопје. Ова е трет пат како се организира овој натпревар по електротехника.
Овие млади вљубеници во физиката од 21 до 23 мај се натпреваруваа и другаруваа со своите домаќини во училиштето и на прошетката во хидро-централата „Матка“.
Доживејте ја атмосферата од овие три дена во СЕТУГС „ Михајло Пупин” низ галеријата за која се погрижи новинарската секција на училиштето.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.